Андрија Милошевиќ бара помош од колегите: „Помогнете ми, сакам да станам татко!“

Го фаќа паника

Андрија Милошевиќ со години е во врска со Александра Томиќ со која неодамна тајно се венча, но никако не успева да добие дете, па затоа актерот го фатила паника!

Имено, и двајцата веќе не се во цветот на младоста, па Андрија го фаќа паника дека нема да има деца. Затоа му се јавил на колегата Иван Босиљчиќ и на неговата жена Јелена Томашевиќ да ги замоли за помош бидејќи тие се големи вреници и на времето донесоа чудотворна лоза од Света Гора со помош на која Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ добија близначки.

Андрија има 42 години, успешен е во работата, сите го сакаат и убаво живее. Многу е среќен со Сандра, им недостига дете само, а сега кога се венчаа, логично е да мисли само на тоа“, објаснува извор за „Скандал“, и додава:

Александра е млада, само што наполни 30 години, но долго време се заедно, па затоа Андрија одлучи да го праша Босиљчиќ за тоа чудотворно гранче од Света Гора кое ѝ го даде на Слобода. Не знам дали ќе оди да го земе за себе, ниту што му кажал Иван, но верувам дека го смирил и дека се’ ќе биде во ред. Всушност, ако е под притисок околу тоа што нема деца, тоа може да биде сопирачка“, открива изворот и додава:

Чувствувам дека се’ ќе дојде на свое место кога ќе се опушти и ќе престане да паничи. Мислам дека тој и Александра немаат здравствени пречки да добијат деца, така што верувам дека наскоро ќе не’ израдуваат со убава вест. А зошто да не, може да го посети Хиландар на Света Гора бидејќи многумина по посетата на тој манастир добиле деца. Навистина, тоа гранче е чудотворно и многумина има направено среќни.“

Фото: Иван Вучевиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.