Андреа Бочели отворено: „Тоа беше трагедија, целото мое семејство беше заразено“

Тој и сопругата донирале крвна плазма

Андреа Бочели откри дека имал ковид-19 еден месец пред настапот во празната катедрала „Дуомо“ во Милано во април. Најславниот италијански тенор вели дека целосно закрепнал од болеста, а целото искуство за него претставувало вистински кошмар.

Тоа беше трагедија, целото мое семејство беше заразено“, кажа 61-годишниот Бочели при излегувањето од болницата во Пиза, каде што со сопругата донирал крв за истражувањата на коронавирусот.

Бочели одржа незаборавен получасовен концерт во Милано на 12 април за да им го подигне духот на Италијанците среде најголемата криза со коронавирусот. Настапот бил следен од милиони луѓе низ цел свет преку Јутјуб.

Сите имавме треска, за среќа, не многу интензивна, и кашлавме. Тоа беше вистински кошмар, имав чувство дека веќе немам контрола врз својот организам“, кажа Бочели.

Фото: Getty Images, Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.