Анџелина Џоли уловена како влегува во зградата на поранешниот сопруг: Дали уште една обновена романса ќе го затресе Холивуд?

Смирување или пријателство?

Американската актерка поминала три часа во домот на својот поранешен сопруг таа вечера

Анџелина Џоли (46) била фотографирана во петокот вечерта како влегува во зградата на својот поранешен сопруг Џони Ли Милер, која се наоѓа во Бруклин.

Откако неодамна Бред Пит доби заедничко старателство над нивните шест деца по долга судска битка, папараците ја фотографирале холивудската актерка како влегува во зградата во долг беж мантил. Носела чанта „Луј Витон“ и скапоцено шише вино.

Во домот на својот поранешен сопруг пристигнала потполно сама, без телохранители, а се задржала околу три часа, поточно ја напуштила зградата во 22.30 часот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BeStyle Magazine (@bestylemagazine)

Наредното утро британскиот актер бил фотографиран како трча на дожд во близина на својот стан.

Анџелина пристигнала во Њујорк на 7 јуни поради задоцнета прослава на роденденот. Претходно во истиот мантил била фотографирана на аеродром со децата.

Анџелина Џоли и Џони Ли Милер се запознале во 1995 година на снимањето на филмот Hackers, каде што глумеле двајцата.

Се венчале по само шест месеци врска. Свадбата била приватна, а Анџелина тогаш имала само 20 години. Наместо во венчаница, била облечена во кожени панталони и маица на која со нејзината крв го напишала неговото име. Меѓутоа, бракот траел кратко. Се развеле во 1999 година, а наводно останале добри пријатели.

Подготвен е на сѐ за да биде со неа, дури и да се откаже од алкохолот: Познатиот актер „одлепил“ по Анџелина Џоли!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.