Анабела прозборе за најцрните денови во животот – Луна едвај ја спасиле кога била бебе

Модриците од ударите на Гаги ги прекривала со пудра

Пејачката Анабела неодамна беше на полиграфско испитување, па откри дека сè уште се презива Атијас, што многумина ги изненади. Таа открила дека со екс сопругот не се развела поради недостиг на љубов или трета личност, па дури и верува во тоа дека има голема можност да ѝ дадат втора шанса на љубовта во иднина.

Ние се разделивме затоа што и двајцата сме зрели луѓе, пријатели кои сфатија дека лошо функционираат во пар“, објаснила Анабела.

Открила и дека нејзина прва работа во животот била берење јагоди во родниот крај, а за распаѓањето на „Фанки Џи“ го обвинува Ѓоле, братот на нејзиниот прв сопруг Гаги Ѓогани.

Отворено зборувала и за канцерот на дојка со кој се соочила во 1995 година, но и за здравствените проблеми на нејзината ќерка Луна, кои ги имала веднаш штом се родила.

По само 20 дена живот доби тешка инфекција на бубрезите. Беше во болница во тешка изолација, јас како мајка, таа како бебе“, открила пејачката.

Признала и дека модриците од Гаги додека биле во брак ги криела со пудра, но на Луна ѝ било јасно што се случува.

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.