Ана Николиќ вежба во шума, додека малата Тара ѝ бара само едно нешто (ВИДЕО)
Продолжува да се „делка“
Иако линијата ја доведе до совршенство, за Ана Николиќ веќе нема случајности – пејачката настојува да ги држи конците во свои раце.
Таа и понатаму вредно вежба за да ја одржи линијата, а и да го изваја телото онака како што сака. Тоа е јасно и од видеоснимката што ја објави на Инстаграм, а која повторно ги подели мислењата на нејзините следбеници.
И додека едни ја поддржуваат и ѝ честитаат за постигнатиот успех, други ѝ бараат влакно во јајце и го коментираат нејзиниот „рамен задник“.
Добро утро… од Кошутњак… тренингот во шума е лек за душата и телото. Секој ден сум се’ посилна“, напиша Ана во описот на видеото на кое вежба.
Сепак, она што на многумина им го привлече вниманието е симпатичното молење на девојчето што се слуша во заднина, а кое сака само едно нешно – сладолед.
Претпоставуваме дека станува збор за 3-годишната ќерка на пејачката, малата Тара.
View this post on Instagram
Dobro jutro…sa Kosutnjaka…trening u sumi je lek za dusu i telo…Stronger every day…💃💃💃
Видео: Инстраграм