Ана Николиќ и Раста завојуваа: Му се закани дека веќе нема да ја гледа ќерката, а тој порача дека ќе ја претепа!

Ќе летаат пердуви!

Фото: Н. Костиќ за „Свет“

Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста толку сериозно се скарале што веќе некое време комуницираат преку мајката на раперот, Слаѓана.

Како што раскажува извор близок на бившите сопружници, се’ почнало со мали препирки и префрлувања. Раста ѝ префрлал на Ана помалку да пие затоа што се гледа дека ни пред камерите не е трезна, а таа му префрлувала поради тоа што на социјалните мрежи покажува дека пуши марихуана промовирајќи го тоа како здрав начин на живот.

Со текот на времето, тие расправии станувале се’ пожестоки, така што Ана во една пригода му се јавила на Раста и почнала да вреска на него. Според зборовите на изворот, го нарекла наркоман, зависник и неодговорна личност, бидејќи не ја вратил навреме ќерката кај неа. Му се заканила и дека веќе нема да му дозволи да го гледа детето!

 


Му ја спуштила слушалката не дозволувајќи му да ѝ одговори, но тој ѝ возвратил преку пораки, во кои ѝ порачал дека нема да помине добро доколку му ги ускрати правата што му следуваат според законот и отворено ѝ рекол дека ќе ја искрши од ќотек.

Ана не му одговорила, туку ѝ се јавила на мајка му Слаѓана и ѝ раскажала што се случило. Жената веднаш се вклучила да го реши проблемот, а прво ја смирила бившата снаа, а потоа му се јавила на синот и му предложила во иднина да комуницираат преку неа.

 

 

View this post on Instagram

 

📸📸📸 #photooftheday #hairby @aleksandargligorievski_hair

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial) on


Оттогаш Ана се слуша само со Слаѓана и засега работите функционираат добро. Меѓутоа, одвреме-навреме Николиќ мора да го подбуцне бившиот сопруг, и тоа јавно, за да видат сите. Неодамна на својот инстаграм-профил објави видеоснимка во која зборуваше грдо за него, па набрзо ја избриша.

Не е важно колку, важно е дека си бил внатре. За разлика од мојот бивши маж, кој се филма дека е криминалец, јас сум сепак ВИП-затвореничка. А каде е тој? Седи, единица, и во тоа сум подобра од тебе!“, порача Ана.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.