Ана Бекута во очајна состојба: Бара помош од бившата сопруга на својот партнер!

Сè за љубов...

А и тој ја држи како малку вода на дланка… буквално! (ФОТО)

Здравствената состојба на Милутин Мркониќ Мрка значително се влоши во почетокот на годината поради воспалението на двете белодробни крила, па Ана Бекута, знаејќи дека нејзиниот сакан има слабо срце, води посебна грижа за неговото здравје. Сепак, се појави нов повод за загриженост на популарната пејачка…

Имено, Милутин често гостува во емисии и слободно се движи, и покрај тоа што владее пандемијата, па со ваквото однесување предизвикува голема загриженост кај својата поубава половина. Текстот продолжува по огласот…

За тоа колку го сака Милутин сведочи фактот што Ана е подготвена на сè, па совет побара од неговата бивша сопруга, со која, изгледа, е во добри односи…

Ана ѝ кажа на Даша дека не знае како да го сопре Милутин и да го натера да се смири. Разбира дека му е здодевно и дека не може да биде постојано затворен дома, но загрижена е за неговото здравје. Затоа седна со Даша и се договорија заедно да му додеваат, да го бараат и да го предупредуваат, сметајќи дека ако бидат доволно напорни и упорни, тој ќе сфати дека им е многу важно да се грижи за себе, бидејќи и двете не би можеле да однесат да го загубат“, раскажува добро информиран извор за „Стар“.

Со овој потег, Ана Бекута уште еднаш ја докажа својата љубов кон човекот со кого е со години во среќна врска.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.