Алкохолот ѝ ги уништил кариерата и изгледот: Била една од најубавите жени во Холивуд, а денес е непрепознатлива!

Нема ни трага од познатата убавица

Иако некогаш важела за вистинска заводничка, денес воопшто не личи на таа убавица

Легендарната Кетлин Тарнер, која денес има 66 години, открила дека нејзината убавина ја уништила болеста, поточно ревматичниот артритис, но и алкохолот.

Холивудската ѕвезда била отечена од лекови и операции и со текот на времето го сменила физичкиот изглед. Со болеста почнала да се бори пред повеќе од две децении, а тогаш се шпекулирало дека алкохолот е виновен за нејзината состојба.

„Бев подувана како балон од лековите. Беше прилично грдо“, објаснила дека почнала да пие за да се соочи со својата болка.

Пиела за да ја убие болката. Поради алкохолизмот имала проблеми со движењето, не можела да се фокусира, да се облече, обуе…

Пред неколку години решила да го промени животот и признала дека успеала да го прекине деструктивниот круг во кој западнала. Со помош на семејството и пријателите повторно се чувствува добро.

„Најмногу ми помогна пилатесот. Го обожавам!“, рекла актерката која е свесна дека никогаш нема да изгледа како некогаш и на обожавателите им порачала дека мораат да го прифатат тоа.

„На црвениот тепих е вистинска убавица, а во реалноста не е ни просечна“: Вака изгледа Мила Јововиќ без ронка шминка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.