Александра Шијакоска емотивно: „Изгубив дете, болеше, ама денес полнам 33 – и се молам да сум среќна, наместо силна“

Во роденденска објава, која ги разбранува срцата на многу нејзини следбеници, Александра Шијакоска искрено раскажа за болката, загубата и новата сила што ја пронајде во себе.

По тежок почеток на годината, кога на 24 јануари ја загуби својата втора бебешка радост, таа се повлече од социјалните мрежи, а на 5 февруари ја прослави својата 33-та година живот.

Во фотосесија облечена во бело и со торта, Александра потсети на тоа колку животот може да биде кревок, а мајчинството – бескрајно силно.

Сакав да го прескокнам роденденот. По сè, мислев да помине тивко. Ама ова е прв роденден каде што Риан разбира. Гледа свеќа и знае дека треба да ја дувне. Пее ‘happy to you, мајчиче’. Баш тоа ми требаше – потсетник дека сум жива, дека сум мајка. Да, изгубив дете. Двапати. Изгубив и многу други работи. Да, ме немаше. Да, многу болеше… ама денес полнам 33 години“, напиша таа.

Александра ја заврши пораката со емотивна порака за себе и за сите жени кои се соочуваат со загуба:

Наместо да бројам години, бројам сила што не знаев дека ја имам и се молам оваа година да сум среќна, наместо силна“.

Нејзината искреност и кревка храброст ја претворија оваа објава во инспирација за многумина, потсетувајќи дека вистинската сила понекогаш доаѓа преку прифаќање на болката и пронаоѓање радост во малите моменти.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе