Александар Видиновски: „Татко ми намерно ме оставаше меѓу зависници од хероин за да ја научам најважната животна лекција“

Своите физиолошки потреби ги вршеле во лимени канти?

Новинарот откри дека како дете го посетувал Центарот за зависности во Кисела Вода, каде што неговиот татко бил раководител, за одблизу да ги види последиците од дрогата.

Новинарот Александар Видиновски во поткаст сподели силно животно искуство од детството, откривајќи дека неговиот татко, кој бил психијатар и раководител на Центарот за зависности во скопската населба Кисела Вода, повремено го носел со себе на работа. Иако како изговор велел дека му е потребен, вистинската причина била да му покаже како изгледа суровата реалност на зависноста.

Видиновски раскажа дека татко му намерно го оставал во просторија со зависници од хероин, во период кога, како што вели, кон крајот на 90-тите години Скопје било преплавено со хероин. Тој одблизу ги гледал луѓето кои минувале низ тешки апстиненциски кризи и бил сведок на условите во кои престојувале, при што, како што опиша, своите физиолошки потреби ги вршеле во лимени канти.

Тој истакна дека тоа било време кога веќе требало да почне да излегува навечер со друштво, но пораката што сакал да му ја пренесе неговиот татко била јасна – секоја одлука носи свои последици. Наместо предавања, му ја покажал реалноста, оставајќи самиот да ги извлече заклучоците.

Видиновски вели дека токму тоа искуство силно влијаело врз него и му помогнало уште од млад да сфати што носи зависноста. Благодарение на лекцијата што ја добил, секогаш бил претпазлив и никогаш не дозволил да подлегне на дрога или на каков било притисок од околината.

printskrin youtube – lazarov – vidinovski

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе