Александар Тарабунов – Тара ја претстави својата нова „SEÑORITA“!

Имала душа ситна и сакала да биде „битна“

Пејачот Александар Тарабунов – Тара деновиве го промовираше новиот сингл кој го носи името „Senorita“ за кој сними и видео запис.

Станува збор за тема чија што музика ја потпишува самиот тој, текстот е дело на Луна Ристиќ, додека, пак, аранжманот и продукцијата се на Роберт Билбилов со кого соработува долги години наназад.

Видеото е снимено на неколку локации во Скопје и е работено под режисерската палка на Зоран Стојановски – Зонде, а во кадрите покрај Тара се појавуваат и манекенката Ивана Савовиќ, како и Бојана Арсовска и Барбара Поповиќ.

Долго време работевме на оваа песна и искрено се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној на кој е навикната македонската јавност да ме слуша, малку експериментиравме, внесовме нови елементи, нов призвук и мислам дека „Senorita“ е одлична увертира за она што допрва следува од мене“, рече Тара.

За модните комбинации во видеото задолжена, пак, беше младата дизајнерка Наталија Терзијоска која што го потпишува брендот „Terziya“.

Во продолжение можете да го погледнете видеото кое што официјално Тара го претстави на бугарскиот Јутјуб канал, „Facing the sun“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.