Актерот објави слика од синот и жена му и сите се згрозија: „Како можело нешто толку болно да му падне на памет?“

Што мислите вие?

По несреќата на филмскиот сет, сега ја објави првата фотографија на Инстаграм, а неговите следбеници се згрозени

Алек Болдвин (64) објави фотографија од син му и жена му Хиларија Болдвин со описот:

„Стара финта: Дај да ти го измасирам грбот“, а неговите следбеници се згрозени, бидејќи сметаат дека на овој начин го ставил своето дете во сексуален контекст, во смисла на тоа што следува по масажа на грбот.

„Што е со тебе? Оваа фотографија ја направи морничава со тоа што го напиша ова!“; „Пред објавата требало да се консултираш со твојот тим!“; „Сексуализирањето на децата е морничаво, но да го сексуализираш сопственото дете?!“; „Овој опис под објавата е одвратен!“; „Како можело нешто толку болно да му падне на памет?!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)


Ова е првата објава на Алек Болдвин на Инстаграм по несреќата што се случи на филмскиот сет кога настрада директорката на фотографија откако Алек ја застрелал.

По низата негативни коментари, Алек ја приспособил објавата и додал дека по масажата следува чипс:

„Го приспособив текстот. Веројатно затоа што… знаете… има толку многу ѓубре на Реддит.“

Инаку, Алек и неговата сопруга Хиларија не се многу омилена двојка во Холивуд, а сè започна со тоа што таа имала голема желба да имаат што повеќе деца. Дури и по спонтан абортус и низа компликации, Хиларија била упорна во тоа да имаат седум деца, но се зборува дека не планира да застане тука.

И додека Хиларија ужива во животот, Алек изгледа сè постаро и поизморено, поради сè што му се случува во животот. Но изгледа дека тешките денови сè уште не се зад него…

(ВИДЕО) Алек Болдвин им избега на новинарите благодарение на мамка на сопругата: „Оставете нè на мир, имаме седум деца…“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.