Актерот има 62 години, а неговата свршеничка 24: Најбизарно е тоа што многу личи на ќерка му!

Верувале или не!

Актерот не ја крие среќата поради веридбата со 40 години помладата избраничка

Легендарниот актер Долф Лундгрен кон крајот на јуни на Инстаграм ја потврдил веридбата со 38 години помладата девојка. Станува збор за шведска актерска легенда, која денес има 62 години, но изгледа дека сè уште е способен да заведе многу помлади девојки.

Имено, актерот на Инстаграм ја потврдил веридбата со 40 години помладата убавица Ема Крокдал.

„Нешто многу посебно се случи денес во Шведска“, порачал актерот под фотографијата со свршеничката која гордо го покажувала прстенот.

Долф ја запросил 24-годишната девојка во Стокхолм, а своевремено кажал дека премногу ја сака.

Ема, инаку, е лична тренерка, а не се знае колку време се заедно. За нивната врска се дозна во јануари годинава, а извори близок на парот само откриле дека необичниот пар се дружел неколку месеци претходно.

Интересно е тоа што Ема неодоливо личи на една од неговите две ќерки, постарата Ида, која ја добил во бракот со дизајнерката на накит Анет Квоберг, кој траел од 1994 до 2001 година.

https://www.instagram.com/p/CCQ43sJj7BQ/

Парот, по разводот, останал во блиски односи, а ќерките пораснале во вистински убавици. Новиот пар неодамна бил виден на ручек во еден познат ресторан на Беверли Хилс, а на папараците им требало момент да препознаат дека се работи за Ема, а не за семеен ручек на шведскиот актер со ќерка му.

Парот не им обрнувал внимание на папараците, како што никогаш не обрнувал внимание ни на коментарите за голема разлика во годините.

Долф бил во врска со Грејс Џоунс и со американскиот модел Паула Барбиери, а се шушкало дека во 2014 година тајно се венчал со тогашната девојка Џени Андерсон, но тој никогаш не го потврдил тоа.

Кога ќе се заљуби Квентин Тарантино (56), тоа изгледа вака: Љубоморно ја чува Даниела (35) само за себе!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.