Актерката скокнала во вода и исчезнала: На бродот е пронајден нејзиниот 4-годишен син сам!

„Мама отиде на пливање!“

Полицијата ја пребарува околината

Актерката Наја Ривера (33) исчезнала вчера откако нејзиниот син бил најден сам на бродот што пловел.

Холивудската ѕвезда и нејзиниот син Џоси изнајмиле бротче во среда попладне, но три часа подоцна пристигнал повик за помош од еден чамец кој видел дека друг брод плови сам додека на него спие дете.

Полицијата го нашла елекот за спасување на Наја во чамецот и се верува дека таа отишла на пливање, но дека дошло до несреќа и дека актерката се удавила. Нејзиниот автомобил бил најден во близина.

Четиригодишниот син Џоси ѝ кажал на полицијата дека сам се качил на бродот, но дека мајка му не излегла од вода, откако заедно скокнале да пливаат. Полицијата тврди дека изјавата на детето е конфузна и дека допрва ќе го испитуваат.

Според американскиот портал ТЗМ, детето тврдело дека мајка му скокнала во вода и не се вратила.
Полицијата ги пребарува околните места со хеликоптери.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.