Актерката се појавила на црвениот тепих со 10 години помладиот сопруг: Никој нема убав збор за неа!

Пријанка Чопра и Ник Џонас

Сите коментираат само едно нешто за познатата индиска актерка

Најпознатата индиска актерка Пријанка Чопра (38) и нејзиниот сопруг, музичарот Ник Џонас (28), синоќа заедно се појавила на доделувањето на наградите БАФТА во Ројал Алберт Хол во Лондон.

Уште од почетокот на нивната врска се коментираше разликата во нивните години и тоа дека актерката и музичарот воопшто не си одговараат како пар, но тие ги победија сите зли јазици и предрасуди и својата љубов во 2018 ја крунисале со брак.

Слични негативни коментари повторно започнаа да кружат синоќа, кога двојката насмеано позираше на лондонскиот црвен тепих.

Многумина коментираа дека Пријанка и Ник не личат на брачен пар, туку повеќе на мајка и син.

Покрај нивната нескладност, предмет на бројните коментари беше и модната комбинација што ја одбрала Пријанка Чопра.

Необичните бели панталони и блуза со длабоко „обратно“ деколте многумина ги прогласија за тотална модна утка, а црните чорапи со црните шпицести салонки за потполно погрешен завршен детаљ.

Многумина велат дека личат на мајка и син: Актерката открила детали од бракот со 10 години помладиот партнер!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.