Актерката одбива да се подмлади: Обожавателите бесни затоа што старее, а таа еве што им одговорила!

Колку е важен изгледот?

Зошто жената мора да изгледа како вечно да има 20 години?

Ева Мендез е актерка која има што да понуди. Имено, покрај своите ретки, но одбрани улоги, таа се занимава и со дизајнерство. Ретко се појавува во јавност. Претпазливо ја чува својата приватност, а на социјалните мрежи речиси воопшто не може да се најде нејзина фотографија со децата и сопругот, Рајан Гослинг.

Деновиве сепак споделила една нова фотографија на која се гледа дека ја скратила косата. 45-годишната актерка се потстрижала во стилот на подолг боб, а косата ја прошарала со руси и црвенкави прамени.

https://www.instagram.com/p/B8CRaNFhnAL/?utm_source=ig_embed

Една од нејзините следбенички на Инстаграм искоментирала дека Ева остарела.

Ева овој пат не можела да премолчи, па одговорила:

Да, во право си! Фала му на Бога, стареам. Тоа значи дека сè уште сум тука. Наскоро ќе наполнам 46 години и благодарна сум што секој ден стареам. Дали целта на твојот коментар беше да ме повредиш? Е, па, не ме повреди. Ти благодарам што ме потсетуваш дека сè уште живеам.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.