Во тек се „U&Z Influencer awards 2020“! Погледнете кои се категориите во кои се номинирани учесниците
Кои девојки и момци ќе ја преземат титулата најмоќни на социјалните мрежи и кои ќе се појават на насловната страница на „Убавина и здравје“, одлучуваат вашите гласови, кои им се додаваат на оние на жирито. Поддржете ги вашите омилени инфлуенсери!
Подготовка, внимание, лајк! Скролувајте надолу додека го чекаме вашиот глас!
Магазинот „Убавина и здравје“ вторпат во Македонија ги избира највлијателните девојки и момци на социјалните мрежи, кои имаат фактор „С“, што значи не само селфи, туку и сила, среќа, слободен дух, супериорност, стил и став. Главен покровител на конкурсот е „Виолета“.
Пријавувањата за учество на конкурсот завршија на 15 ноември, а гласањето ќе започне на 15 декември ќе трае 3 дена. Кои ќе бидат победниците одлучуваат вашите гласови, кои им се додаваат на оние на жирито.
#dabidemepovrzani
#uizinfluencer
#uizinfluencerawards2020
Ова се сите категории на конкурсот:
Travel
Иако оваа година патувањата за сите нас беа значително лимитирани, добивме одлична шанса да ја истражиме својата земја и да ја обновиме почитта кон нејзината убавина. Патувајте преку фотографиите на учесниците во Travel категоријата, поддржана од „Франк“, кои ќе ве инспирираат да ја започенете својата следна авантура.
View this post on Instagram
Food
Нивните рецепти секојдневно ни даваат иновативни идеи за нашиот следен оброк. Во Food категоријата учествуваат оние со „највкусните“ Инстаграм профили исполнети со неодоливи фотографии и корисни информации.
View this post on Instagram
Insta man
Инстаграм е место каде модерниот маж добива нова димензија, а ние отстапуваме посебен простор за инспиративните и самоуверени мажи, успешни на сите полиња. Учесниците во Insta man категоријата, поддржана од „Пако Рабан“, се токму тоа и многу повеќе.
View this post on Instagram
Beauty
Катче кадешто во секој момент можете да најдете многубројни совети за нега, како и воодушевувачка шминка која ќе го надополни вашиот целосен изглед. Учесниците во Beauty категоријата, поддржана од „Теоксан“, ќе ве научат како правилно да ја истакнете својата убавина.
View this post on Instagram
Fitness&health
За нив физичкото здравје е приоритет, учесниците во Fitness&health категоријата, поддржана од „Виталиа“, нѐ инспирираат да се размрдаме и да го исполниме денот со физички активности. Без разлика дали претпочитате вежбање во теретана или во својот дом, тие ќе ве насочат кон правилниот пат до вашите цели.
View this post on Instagram
Art
Уметноста има разновидни облици и токму тоа сакавме да го прикажеме преку големиот број учесници во Art категоријата, поддржана од „Палета“, кои го користат Инстаграмот за прикажување на својата креативност.
Fashion
Доколку се двоумите што да облечете го имаме решението за вас! Инстаграм профилите на учесниците во Fashion категоријата, поддржана од „Лисца“, преку своите разнобојни креативни фотографии ќе ви дадат идеја за вашата следна модна комбинација со која со сигурност ќе привлечете многу погледи.
View this post on Instagram
Insta parents
Секојдневно ни го подобруваат расположението споделувајќи фотографии од своите најмили и делејќи совети за родителството на Инстаграм, профилите на учесниците во Insta parent категоријата, поддржана од „Виолета“, се вашата прва помош при родителска дилема.
View this post on Instagram
Entertainment
Учесниците во Entertainment категоријата, поддржана од „Кензо“, се оние кои секогаш успеваат да нѐ насмејат и да ни ги подобрат и најлошите денови со својот хумор и интересни видеа од кои не можеме да го тргнеме погледот.
View this post on Instagram
Хероина
Најзначајната категорија ја оставаме за крај. Жената која сите нѐ инспирира да биде посилни, подобри и да помогнеме. Учесниците на оваа категорија ќе бидат избрани од страна на жирито.
Повеќе информации и правилата на конкурсот можете да ги прочитате тука.