7 најчудни факти за Папата Франциск: Па дали е ова возможно?!

Неверојатно

Папата Франциск е една од најфасцинантните личности на денешницата

Папата Франциск (84) е првиот неевропски папа по Гргур Трети, кој е роден на просторите на денешна Сирија.

Ви откриваме 7 чудни факти што сигурно не сте ги знаеле за него:

1. Изгубил дел од белите дробови

Папата Франциск на 21 година боледувал од воспаление на белите дробови, опасно по живот, и развил три цисти. Дел од белите дробови му бил отсечен за да преживее во борбата против болеста. Иако загубата на поголемиот дел од едното белодробно крило не го загрозила неговото здравје или животен век, не му е дозволено да прави какви било напорни вежби.

2. Еднаш работел како обезбедување во ноќен клуб

Додека бил студент во Буено Аирес, папата Франциск работел како обезбедување во локален бар за да заработи дополнителни пари. Работел и како хемиски технолог пред да почне со своите богословски студии.

3. Љубител е на танго

Како младич, едно од омилените хобија на папата Франциск било танцувањето со пријателите. Имал и омилен танц. „Обожавам танго и танцував како млад“, открил Папата во својата биографија.

4. Нема гледано телевизија од 1990 година

Папата Франциск нема гледано телевизија од 15 јуни 1990 година, откако се обврзал со Богородица и ѝ ветил дека ќе се воздржува од гледање телевизија. Поради тоа ретко го гледал Сан Лоренц, фудбалскиот тим за кого навивал како момче – нивните успеси ги следи преку весниците.

5. Има фудбалски тим наречен по него

Клубот Депоритво Папа Франциск е полупрофесионален фудбалски клуб со седиште во Сан Франциско Солано во провинцијата Буено Аирес и е наречен во чест на Папата.

6. Објавил албум

Папата Франциск објавил прогресивен рок-албум Vake Up! во ноември 2015 година. Се состои од различни говори на папата Франциск, снимени помеѓу 2013 и 2014 година. Секој е проследен со музички нумери, молитви и песни што опфаќаат различни жанрови.

7. Еднаш имал девојка

Папата Франциск во младите години бил романтично поврзан со анонимна жена, а тоа не можело да се сокрие.

„Таа ми беше пријателка со која одев да танцувам. Но потоа го открив својот верски повик“, открил Папата во биографијата.

Таа била најбогатата жена во Шпанија и скандал-мајстор во кралското семејство: Никогаш не ѝ го простиле ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.