38-годишната актерка 2 пати имала мозочен удар и повторно учела да зборува: Тешко добивала улоги поради незгодниот карактер

Обри Плаза

Обри Плаза со години се борела да изгради статус на ѕвезда, а сега конечно ѝ успеа

Обри Плаза, 38-годишната холивудска актерка, конечно си обезбеди свое место на ѕвезденото небо, благодарение на одличната глума во антологиската серија на ХБО „Белиот лотос“.

По речиси две децении работа во филмската индустрија, Плаза има изградено култ на обожаватели кои не можат да се заситат од нејзиниот по малку незгоден карактер, откачена духовитост и необичен стил.

Актерката првпат привлекла внимание глумејќи ја Ејприл Ладгејт во ТВ-серијата „Паркови и рекреација“ од 2009 до 2015 година, но се чини дека нејзиниот застрашувачки и незгоден карактер ја спречиле да станат суперѕвезда како колегата, актерот Крис Прат.

„Луѓето ги поистоветуваат моите ликови со мене и самиот тон на мојот глас или темпото на зборување прават да звучам како кретен или така нешто“, рекла таа во едно интервју од 2022 година.

Родена е во јуни 1984 година, како ќерка на адвокатката Бернадет и финансискиот советник Дејди Плаза. Актерката пораснала со две помлади сестри во Вилмингтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by aubrey plaza (@plazadeaubrey)

На само 20 години, Плаза доживеала мозочен удар, кој ѝ го променил погледот кон животот. Во интервју од 2017 година објаснила дека во 2004 година ја однела една од нејзините помлади сестри на концерт на Хилари Даф, кога одеднаш ја изгубила способноста за говор.

Идната актерка била однесена во болница, но не ѝ била пружена помош веднаш поради нејзините години. Лекарите не мислеле дека има мозочен удар, туку се посомневале дека консумирала дрога. Поминало повеќе од една недела пред повторно да проговори, а некои зборови ги учела од почеток.

Неколку години подоцна, за време на снимањето на серијата „Паркови и рекреација“, актерката доживеала уште еден мозочен удар, откако на сетот ненадејно паднала долу, по што поминала неколку дена во болница.

Во едно интервју од 2016 година, Плаза признала дека е свесна дека е геј-икона. За време на разговорот потврдила дека и самата таа во минатото се вљубувала во жени.

„Знам дека ми се случува нешто андрогено и дека има нешто мажествено во мојата енергија“, објаснила таа.

„Девојките се вљубуваат во мене, тоа не е тајна, но и јас се вљубувам во нив. Ми се допаѓаат и девојки и мажи“, открила таа во една пригода.

Меѓутоа, во мај 2021 година, сите ги изненадила веста дека се омажила за својот долгогодишен партнер, режисерот и сценаристот Џеф Бин. Тогаш, нејзините приказни за хомосексуалност многумина ги окарактеризирале како евтино привлекување внимание и желба да се истакне.

„Барав да ме остават да умрам“: Актерката што сите ја обожаваат преживеала 2 мозочни удари на 35 години!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.