18 години „Убавина и здравје“: Приказна за страст, тимска енергија и бренд што ја менува современата жена

Од визија до инспиративна заедница – гласовите зад списанието што веќе речиси две децении остава трага

„Убавина и здравје“ не е само магазин – тоа е визија, мисија и заедница што веќе 18 години расте заедно со современата жена. Простор каде што се слави животот, се негува убавината во сите нејзини форми и здравјето се поставува како темел на модерниот животен стил.

Зад овој бренд стои тим кој секојдневно создава содржина што инспирира, едуцира и остава трага.

По повод големиот јубилеј – 200 изданија – членовите на редакцијата искрено зборуваат што значи „Убавина и здравје“ за нив.

„Ова е наша гордост, но и одговорност“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovana Stojmenovic (@jovana_na_na_na)

Главната и одговорна уредничка Јована Стојменовиќ ја опишува суштината на магазинот како динамична и жива платформа:

Ова е заедница што обедини многу жени, но не стои – расте и се менува во чекор со нив. ‘Убавина и здравје’ е наш бренд и професионална гордост, но и лична одговорност да создадеме содржина што инспирира. Посакувам да продолжиме да се дружиме и во наредните 200 броеви.“

„Од бренд што инспирира – до сон што се живее“

За заменик-уредничката Марија Лукаревска, списанието било симбол на успех уште пред да стане дел од него:

Списание што не ги следи трендовите, туку ги создава. Денес, за мене е остварување на еден од најголемите соништа – простор за креативност, учење и инспирација. Но најважно, тоа е моето ‘лудо’ семејство.“

„Професионална колепка и доказ за успех“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Stojmenovic (@bobo_bum)

Уредничката на веб-порталот, Бојана Стојменовиќ, го гледа списанието како почетна точка на својата кариера:

‘Убавина и здравје’ е мојата професионална колепка и доказ дека со труд и посветеност доаѓаат резултати. 200 броја и речиси 18 години постоење се навистина фантастично достигнување.“

Платформа што ги поврзува брендовите и читателите

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Froli (@froli_art)

Од маркетинг-аспект, Фролика Костоска ја нагласува вредноста што списанието ја создава:

Создаваме платформа што ги поврзува читателите со најдобрите трендови и решенија. Нашите клиенти препознаваат простор каде нивните приказни допираат до вистинската публика.“

„Кога го сакаш тоа што го работиш – не работиш“

 Ива Мандиќ, задолжена за графички дизајн и содржина, ја истакнува енергијата во тимот:

Секој ден е различен и исполнет, најмногу поради луѓето. Тимскиот дух го прави ова место незаменливо.“

Креативност со поддршка

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dimeska (@dimeska.a)

За Анастасија Димеска, списанието е место на слободно изразување:

Ова е сплотена фамилија што расте секојдневно. Имаме заедничка мисија – да ги разубавуваме животите на читателките.“

„Не е само работа – туку припадност“

 Новинарката Татјана Пуленџовска ја опишува својата улога како многу повеќе од професија:

Ова е простор каде што можам да истражувам и да креирам приказни што допираат до жените. Тоа е припадност на бренд со вредност, стил и влијание.“

Регионална перспектива: знаење, искуства и женски глас

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Culibrk (@lidijaculibrk)

Лидија Ќулибрк, главна уредничка на српското издание „Лепота и здравље“, ја истакнува едукативната улога:

Во овие години научив многу, особено за здравиот живот. Но највредни се приказните на жените – научнички, авторки, креаторки – на кои им дадовме глас.“

Инспирација што трае

No photo description available.

Дијана Кресовиќ, регионален координатор, додава:

Ова не е само списание, туку потсетник колку е важно да се грижиме за себе и да се сакаме.“

Додека за графичкиот уредник Мирослав Косановиќ, „Убавина и здравје“ останува:

Задоволство и инспирација веќе 20 години.“


Во време кога медиумите постојано се менуваат, „Убавина и здравје“ останува доследен на својата мисија – да инспирира, поврзува и создава вредност. Приказна што не застанува тука, туку продолжува – со секоја нова страница, со секој нов број.

Фото: Инстаграм, приватна архива

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе