Вечерата од 38 милиони денари ја разгневи јавноста: Сопственик на ресторан ја објави сметката на неговите разгалени гости, па го „запали“ Интернетот

Вртоглава цифра

Познатиот угостител Нусрет Гокче објавил сметка со вртоглава цифра, која успеале да ја направат гостите во неговиот ресторан

Нусрет Гокче важи за еден од најпознатите готвачи на светот, додека неговите ресторани се најпопуларни и претставуваат симбол за луксуз. Сепак, во последно време, познатиот угостител се соочува со многу критики на сметка на услугата во неговите енормно скапи ресторани.

Овој пат, Нусрет на својот инстаграм-профил објавил фотографија од сметка со износ од неверојатни 615.065 УАЕ, односно повеќе од 38 милиони денари, и тоа само за една вечера.

Вечерата вклучувала и скапоцени пијалаци, односно пет шишиња вино Петрус кои чинат половина од вкупниот износ на сметката, односно 325.000 УАЕ.

На сметката се нашле и две шишиња вино Luis XIII Petrus од 2009 година, кои чинеле 200.000 УАЕ. Земајќи го предвид сето тоа, не е ни чудно што крајната цифра на сметката била вртоглава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

Многу луѓе покренале дискусија во коментарите под објавата на Нусрет.

„Ова не е интелигентен начин на претставување на ресторанот, цената и животниот стил на овој човек. Ваквите објави ги вознемируваат повеќето луѓе ширум светот и ги одбиваат да посетат кој било негов ресторан, кој можеби е во нивниот град или е на дестинацијата што ја посетуваат.“, „Да, добро, брате, без разлика колку пари имаш, тие цени се смешни“, „Попрво би купил стан со толку пари“, се само некои од коментарите.

Вртоглави суми за парче месо: Познатиот готвач Salt Bae на удар на негативни критики
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.