Убавица од сајт за возрасни завршила во инвалидска количка поради работата: 14 часа не го испуштила ОВА од рака!

Работата ѝ го загрозила здравјето

Поминувала повеќе од 14 часа држејќи го мобилниот телефон, што значително влијаело врз нејзиното здравје

Фенела Фокс (24) е позната како модел на платформата OnlyFans, каде што објавува провокативна содржина. Фенела го користела мобилниот телефон по 14 часа, пласирајќи нови содржини и комуницирајќи со обожавателите, поради што здравјето значително ѝ било нарушено.

Бујните облини и згодното тело ѝ помогнале да стане многу успешна во својата работа и да собере голем број обожаватели на содржините што ги пласира и се стремела кон тоа да заработи милион долари на ваков начин. Интересно е што Фенела е една од оние жени кои не ги депилираат влакненцата под пазувите, исто како и ќерка ѝ на Мадона.

@fenellascorner Replying to @«🫡Paخtoon🇦🇫» ♬ original sound – fenella fox

Исто така, таа е една од првите кориснички на платформата OnlyFans што ѝ овозможило да изгради успешна кариера. Меѓутоа, успехот во работата ѝ паднал во вода оној момент кога завршила во инвалидска количка.

@fenellascornerdance break♬ Guud Gurls – Breaking Beattz & Kzn

Фенела имала најмногу работа за време на пандемијата, додека сите се фокусираа на социјалните мрежи. Константната употреба на телефонот ја довела до тоа да има вртоглавици и силни главоболки, па поради тоа со месеци не можела да оди нормално.

„Моите вртоглавици беа толку силни и чести што морав да земам бета-блокатори, бидејќи поради стресот имав и проблеми со срцето. Мислев дека ќе умрам! Тоа беше најстрашното искуство во мојот живот“, изјавила Фенела.

@fenellascorner someone requested i eat a really cheesy pizza so did 😚 #pizzafreakz ♬ Sunroof – Nicky Youre & dazy


Фенела имала профили на сите социјални мрежи, а пред да го намали времето што го поминува на Интернет, се соочила со многу здравствени проблеми, како што се болки во вратот и нозете.

„Не можев да одам. Посетив неколку лекари во Португалија и тие ми препишаа бројни лекови. Повеќе не знам ни што сè имав купено, ни колку специјалисти ме имаа прегледано. Кога се вратив во Британија, ми требапе инвалидска количка на аеродромот, бидејќи не можев ниту да стојам ниту да одам самостојно. Вртоглавиците беа константни. Се служев со патерици како потпора. Тоа беше многу страшен период за мене. Морав да се преселам кај родителите, бидејќи не можев сама да се грижам за себе. Мајка ми ми помагаше да се туширам и да се облекувам“, раскажала Фенела.

@fenellascornersurprise

♬ HARLEY FVCKING QUINN – Sarah De Warren & Biometrix & Marcus McCoan


По бројни истражувања, ѝ била поставена дијагнозата „сајбер болест на движење“. Тогаш сфатила дека итно мора да го промени стилот на живот и да најде решение како да ја извршува работата што ѝ носела огромни приходи. Одлучила да ангажира тим на луѓе што ќе завршуваат одредени обврски наместо неа.

Оваа жена минатата година на „Only Fans“ заработила 240 милиони евра!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.