Старо народно верување: Ако го ставите ова во паричникот, ќе привлечете големо богатство!

Фенг шуи

Фото: Unsplash

Средете го паричникот и привлечете пари

Доколку го уредиме домот според правилата на фенг шуи, ќе привлечеме добра енергија, мир и благосостојба. Оваа древна кинеска вештина која создава хармонија со користење енергии, им користи на сѐ повеќе луѓе, но дали знаете дека постојат одредени правила и кога станува збор за изборот на паричник?

Правилата на фенг шуи и старите народни верувања се поклопуваат во едно нешто: паричникот што го користиме треба да биде во црвена боја. Црвената боја е симбол на просперитет и предизвикува убави емоции.

Најдобро е да одберете паричник со правоаголна форма. За чување монети, подобро би било да одберете торбичка со правоаголна форма, но не се препорачува во истиот паричник да ставате и банкноти.

Одбегнувајте паричници во сина боја. Сината боја е симбол на водата и таа буквално ги „измива“ парите од паричникот.

Задолжително ставете го ова во паричникот!

Добрата енергија привлекува добра енергија, па во едната преграда од паричникот, ставете парче хартија на кое со рака сте напишале афирмација, порака за себе, дури можеби и чек што сте си го напишале за одредена сума, а нема да го уновчите, како симбол за привлекување добра енергија.

Покрај овие два чекора, не би било лошо ни да ги проследите и овие правила за привлекување пари…

1. Чистење

Извадете сѐ од паричникот. Целиот пребришете го со влажна крпа од микровлакна за да го исчистите.

2. Сортирајте сѐ што сте нашле внатре

Веројатно имате еден куп ливчиња, сметки и картички кои всушност не ви требаат. Ако меѓу нив има и такви што мора да ги задржите, местото не им е во паричникот, туку некаде во домот каде што ги чувате и другите документи поврзани со финансии. Фрлете ги сите истечени членски картички, а броевите од визит-картичките, запишете ги во телефон.

Не заборавајте на кешот – убаво исправете ги банкнотите и потоа наредете ги. Колку пати ви се случило да претурате по парите, бидејќи не знаете каде е која банкнота, или ќе измешате 200 денари со 10? Наредете ги банкнотите според вредноста, од најмалата кон најголемата и секогаш така нека ви стојат. Ова е првиот чекор кон отстранувањето на хаосот од паричникот и многу ќе ви значи.

3. Каде да го чувате?

Откако ќе го средите паричникот и ќе го подготвите за привлекување добра енергија и изобилство, не би било добро само да го фрлите во чантата преполна со хаос. Средувањето на чантата нека биде вашиот следен чекор.

Трик што привлекува богатство: Народното верување тврди дека овие ритуали можат да ви донесат многу пари!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.