Совети на баба Ванѓа што можат да ви донесат голема среќа и пари во животот: Неопходно е да ги почитувате следниве 7 правила!

Прочитајте!

Советите на баба Ванѓа за среќа и пари во животот можат да ви послужат како одличен патоказ во моментите кога не знаете како да постапите

Познатата бугарска пророчица баба Ванѓа е позната ширум светот по бројните предвидувања што се имаат остварено. Меѓутоа, покрај тоа што ја предвидувала судбината, таа давала и многу важни совети. Имено, верувала дека одредени работи можат да ни донесат среќа и пари во животот, но ако почитуваме одредени правила.

Баба Ванѓа сметала дека овие правила треба да ги почитува секој што сака да напредува во сите сегменти во животот.

Еве како гласат правилата за успех и пари на најпознатата пророчица:

1. Секогаш јадете и пијте од здрави и целосни чинии и шолји. Така ќе ги задржите добрата енергија и среќа во домот.

2. За да ги спречите среќата и благосостојбата да го напуштат вашиот дом, во некој празен агол ставете неколку метални парички.

3. Ставете гранки од бозел над влезната врата и тоа ќе ве заштити од негативната енергија.

4. Трошките што ќе ви останат од ручекот или вечерата, дајте им ги на птиците – така ќе влезе среќата во вашиот дом.

5. Никогаш не фалете се со вашата среќа, особено не пред непознати луѓе. Нивната љубомора може да ви донесе зло во животот.

6. Не чувајте скршени или напукнати огледала во домот. Тоа ви ја краде среќата. На тој предмет не му е местото во вашиот дом.

7. Парите носете ги во паричник, никако стуткани по џебовите. Тоа ќе ви помогне да постигнете благосостојба.

Совети на баба Ванѓа за долг и среќен живот: Задолжително мора да го правите ова
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.