Скарлет Јохансон: „Премногу е параноично заради сопственото здравје да се разболам од нарушувања во исхраната“
Актерката за диети во Холивуд
Скарлет Јохансон смета дека притисокот да се биде слаб во Холивуд станал „многу пожесток“ последниве години.
Триесет и петгодишната актерка верува дека ѕвездите се под поголем притисок од порано да бидат „тенки и гламурозни“ цело време.
Таа изјави:
Актерите секогаш биле под притисок да бидат слаби. Има една сцена во еден од моите омилени филмови, „Се’ за Ева“, во која Бет Дејвис шета низ просторијата, ужасно вознемирена од нешто, потоа зема чоколадо, го остава, го зема, остава, го зема повторно, го остава повторно, и конечно таа се предава и го јаде, но по голема борба! Дури и тогаш, притисокот е таму. Но сега е многу полошо“.
Скарлет откри дека сака да биде „слаба, но и здрава“.
Немам коментар за тоа како другите луѓе избираат да си го живеат животот – но премногу е параноично за сопственото здравје да тргнам по патот на нарушувања во исхраната. Повеќе сакам да останам во форма природно.“
Фото: Instagram, Getty Images