Разговор со Ѓорѓи Галетановски, директорот на ЗОО Скопје: „Најважно е да се работи во служба на народот“

Директорот на ЗОО Скопје ни откри нешто повеќе за неговото менаџирање на едно од омилените места во градот

Зоолошката градина игра значајна улога во едукативно-воспитниот, културниот и рекреативниот живот на народот и е една од најпосетените институции во Скопје и пошироко. За нејзиното менаџирање, постојано надградување и усовршување, задолжен е директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски. Порано, јавноста го знаеше како менаџер на некои од најдобрите клубови во градот, но денес тој ги пренасочува своите менаџерски способности во служба на децата и граѓаните. Галетановски ни раскажа нешто повеќе за неговата кариера и работа како директор на ЗОО Скопје.

Како се одвиваше вашиот кариерен развој? Како од менаџер на клубови станавте директор на ЗОО Скопје?

Кога се смени локалната власт, сегашниот градоначалник решил оваа институција во срцето на градот да го добие вистинското место, седнавме направивме план и мислам дека ни успеа. А инаку јас се уште се доживувам како менаџер, но сега во поинаква функција. За децата и сите граѓани.

За вашето назначување имаше и позитивни но и негативни реакции во јавноста. Ви пречеа ли негативните?

Не ми пречеа, напротив ме мотивираа повеќе. Па видете, и не може сите да ве сакаат. Тогаш е најважно да се фатите за работа и да сфатите дека сте сервис на народот.

Велите дека ЗОО Скопје е најпосетена институција во Македонија. Што направивте во текот на овие 3 години за да ги достигнете тие бројки?

Прво, ми беше важно да ја подобриме хигиената и грижата за животните. За тоа се најзаслужни вработените и сите градски институции кои секогаш помагаат. Почнавме со реновирање на живеалиштата, донесовме и сериозни компании како спонзори, на кои многу сум им благодарен. Потоа ,на градот му ја приложив програмата, но и советот и градоначалникот Петре Шилегов се заложија и помогнаа многу. Организиравме настани, едукативни тури, хуманитарни акции и од ден на ден посетеноста растеше. Како за нашите, така и за граѓаните од соседните земји.  Потоа следеше пандемијата која ја искористивме за доградба на живеалиштата и за нови животни.

Како се роди идејата за Дино паркот?

Тоа е идеја која му ја пренесов на градоначалникот од едно службено патување.  Имаше скептици и за тој проект но го изградивме, дојдоа стручни лица од градот за да го уредат просторот и денес е тоа што го очекувавме. Атракција за сите деца кај нас и од соседството.

Какви се вашите планови во иднина? За која друга институција би ја заменил Зоолошката градина?

Не сум размислувал на таа тема, но сигурно тоа би била институција која има потреба од менаџирање, надградување и тимска работа.

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.