Одите на чести службени патувања? Внимавајте да не си го нарушите здравјето!

Здрави навики на службениот пат

Ако сте принудени заради деловните обврски често да отсуствувате од дома, внимавајте на тој начин да не си го нарушите здравјето.

Честите службени патувања можат да ги нарушат психичката рамнотежа и хармонијата во семејството, но и да го зголемат ризикот од дебелеење.

Истражувањата покажуваат дека лицата што често одат на службен пат имаат покачено ниво масти во крвта, па своето здравје го оценуваат како лошо, за разлика од работниците што многу поретко патуваат. Логично, отсуството од дома го отежнува спроведувањето здрав режим на исхрана, како и вежбањето.

Освен тоа, стресот поради неможноста да ги контролирате своите обврски може да предизвика емотивен глад, и земање храна како утеха. Значи, за да го спречите натрупувањето вишок килограми поради службените патувања, престојувајте во хотели што ви нудат здраво и диетално мени, но и добро опремен фитнес-центар.

Бавча во „офисот“: облагородете го работниот простор со саксиско растение, кое ќе ви ја зголеми продуктивноста

Ако сакате да бидете поконцентрирани на работното место, внесете малку живост во работното опкружување. Без разлика на важноста на работата со која се занимавате, сепак почесто ве интересираат случувањата на Фејсбук или на некој друг интернет-сајт…

Значи, изострете го својот фокус внесувајќи малку зеленило во работниот амбиент. Најновите истражувања покажуваат дека саксиските билки – лисни или цветни – го зголемуваат нивото на концентрација.

Алтернативен метод: пријателски поттик

Иако зближувањето со претпоставените може да ви помогне да напредувате во кариерата, зближувањето со колегите има уште поголеми бенефиции за вас. Неизбежно е меѓу вас и луѓето со кои секојдневно работите, ги решавате тековните проблеми и пиете кафе за време на паузите да дојде до одреден степен на блискост.

Истражувањата покажуваат дека луѓето што работат во опкружување во кое сите колеги се согласуваат живеат подолго од луѓето што престојуваат во лоша работна атмосфера. Пријателски настроените колеги ќе ги разберат вашите деловни проблеми дури подобро и од членовите на семејството, ќе ви дадат поддршка во ситуации кога сте на работ да „експлодирате“ и на тој начин ќе ве заштитат од стрес.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.