Носи пари и богатство: Ова мора да го имате во паричникот

Верувале или не!

Според некои верувања, овој лист ќе ви ги отвори вратите кон еден поинаков свет.

За ловоровиот лист многу одамна се верува дека носи среќа и благосостојба. Освен тоа се користи и во кујната и во медицината, па се верува дека привлекува среќа.

Во фенк шуи, но и според верувањата на многу народи, ловоровиот лист има магично својство – се верува дека привлекува пари и помага во остварување на желбите.

Некои го користат како вид на амајлија, а се верува дека ако го ставите во новчаник или под чергата на прагот, ќе привлече богатство.

Дури се верува дека и палењето на ловоровиот лист е добро средство за чистење на лошата енергија во домот.

Уште еден интересен ритуал е и пишувањето желби на ловоров лист. Според верувањето, ако за време на младата или полна Месечина напишете желба и  тој лист го фрлите во оган да изгори, ќе ви се исполни желбата.

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.