Неодамна доби отказ, а сега се занесува: Го нарекуваат најнеспособниот син и целиот свет му се смее!

Блам

Папараците уловиле неколку фотографии од младиот Бруклин Бекам и неговиот скап автомобил

23-годишниот Бруклин Бекам не престанува да го привлекува вниманието на јавноста. Синот на Викторија и Дејвид Бекам неодамна бил фотографиран во Западен Холивуд со својот брз спортски автомобил.

И покрај фактот што неодамна добил отказ откако брендот Superdry ја прекинал соработката со него, младиот Бруклин не престанува да се занесува.

Неодамна се ожени со богаташката Никол Пелц, па можеби таа е заслужна за тоа што Бруклин живее луксузно.

Имено, младиот Бекам се довезол со својот бесен автомобил од марката McLaren 765LT. Излегол од автомобилот видно расположен, во лежерно издание. Носел широки фармерки и широка бела маица, која ја искомбинирал со бели патики.

Се чини дека синот на славната двојка го дели истиот вкус за автомобили со татко му, меѓутоа со недели се шушка дека нивниот досега многу близок однос се распаднал поради сопругата на Бруклин, богаташката Никол Пелц.

Никол Пелц неодамна сподели фотографија на која е видно расплакана, со тажна порака.

Имало ли кавга?: Зошто снаата на Викторија Бекам не се одлучила за нејзината венчаница?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.