НЕЈЗИНАТА ПРИКАЗНА: Наши познати бизнис-жени откриваат како се справуваат со предизвиците што им ги наметнува нивната професија

Ве инспирираме

Тања Антиќ, коспоственичка на „Фешн Груп“ и Ели Пешева, директорка за комуникации во агенцијата „Њу момент“ ни ги раскажаа своите деловни приказни

Ги прашавме нашите соговорнички, истакнати претставнички на своите професии, што се има променето изминатава деценија во нивната област на дејствување и како тие се справуваат со промените.

Тања Антиќ, косопственичка на „Фешн груп“

Развојот е процес што сè уште трае 

„Уште на самите почетоци бевме решени да поставиме нови стандарди во нашата бранша и сме една од првите компании што инвестираа во ексклузивни застапништва и франшизи за светски реномирани брендови. Во таа насока, со самата експанзија на компанијата, се унапредуваше и нашето искуство, постојано се менувавме во техничка, но и во организациска смисла и тоа е процес што сè уште трае и ќе продолжи и понатаму. Направивме пионерска развојна стратегија за лансирање онлајн-платформа Fashion Group, која се покажа како извонредно ефикасна во моменталните услови за работа во дигиталната ера.“

Семејството е извор на позитивниот став кон животот

„На професионален план, најважни се развојот и едукацијата, но и искуствата во различни сектори, како што е работењето на проектот „Скопје сити мол“ – нешто што беше огромен предизвик за нас. Успехот на приватен план, пак, се рефлектира на професионалниот. На прво место е семејството, кое е извор и импулс на позитивниот став кон работата и животот.“

Потребен ни е длабински моден детокс

„Што се однесува до идните амбиции, нè очекува нова експанзија во Fashion Group, со неколку изненадувања како понуда на нашиот пазар. Во индустриите во кои работам навистина би сакала да видам поголем прогрес во одржливиот начин на работа и развој. Глобалниот импакт на модната индустрија врз животната околина мора да направи длабински детокс што ќе ги смени консумерските вредности и навики, а што подразбира: екоефикасност, биоразградливи материјали, намалување на прекумерното производство и потрошувачката на енергија, намалувањето на остатоците и негативната емисија од пакувањето и транспортот, социјалните стандарди на производствената сила итн. Поставувањето нови одржливи цели и стандарди во критериумите на развој е од особена важност. За себе, останува мојата детерминираност да се трудам да бидам најдобрата верзија на себе во секој аспект.“

Ели Пешева, директорка за комуникации во агенцијата „Њу момент“

Постојано си поставувам нови предизвици

„Засекогаш ќе бидам вљубеник во мојата професија, новинарството, и никогаш нема да престанам да го поддржувам, на различни начини и од различни страни. Новиот век е технолошки предизвик и комплетно се менуваат формите на пренесување на вестите, начинот на кој се стигнува до нив, но и раскажувачите. Сите проекти кои си ги поставувам пред себе за блиската иднина се поврзани со комуникацијата. Не сакам статус кво, имам потреба постојано да се проверувам себ си во нови области, од новинарството, во односи со јавност, од тука можеби во филм, но дефинитивно голем терен за докажување ми е ангажманот во граѓанското здружение О2 Иницијатива каде сум еден од основачите. Верувам дека е исклучително важно како граѓани да се едуцираме за начините на кои можеме да ја сопреме штетата што и’ ја правиме на природата, константното уништување на реките, езерата, почвата, но и неразбирливото помирување со загадениот воздух и опасностите кои сето ова ги носи врз нашите животи, нашето и здравјето на нашите драги луѓе. Сериозно ја оштетивме животната средина и сметам дека должиме и имаме предизвик да ја разбудиме нашата и да ја подготвиме следната генерација, бидејќи врз неа ќе падне товарот на спасување на планетата.“

Човек треба да ги поместува границите во својот ум

„За мој најголем предизвик ја сметам одлуката да го напуштам новинарството и да преминам во друга професија, слична, но во суштина различна, односи со јавност во маркетинг агенција. Верувам дека животот е во бранови, дека и оваа позиција не е засекогаш, дека е прашање на време кога повторно ќе преминам во нешто слично, а различно. За мене е предизвик човек постојано да се открива, да поместува граници во својот ум, да расте, да се надградува и да ужива во новите искуства.“

Мразам паника поради недоволна подготвеност

„Секогаш имам Б план. Најчесто и Ц. Понекогаш и Д. Не сакам изненадувања, сакам детално планирање и подготовка. Можеби некому му изгледа претерано, но сум приврзаник на темелно работење. Мразам фати – пушти, површност и потоа паника од недоволна подготвеност. Поради природата на индустријата во која работам, често се случуваат промени во темпото, па затоа сакам да сум во добра кондиција, да си кажам океј, не е страшно, одиме со другава варијанта. Веројатно тоа ми важи и за приватниот живот, со таа разлика што неколку пара очи ми превртуваат зад грб, особено кога планираме семејно патување.“

Да ја поттикнуваме слободната мисла

„На нашата индустрија и’ посакувам почитување на креативноста, почитување на храброста и различноста, поттикнување на слободната мисла, вреднување на идеите и во општествен и во финансиски контекст. Професионално, посакувам ТВ-реализација на еден интересен социо-истражувачки концепт на чиј развој во моментов работам. А лично, 10 нови светски локации, во следните 5 години и Ц ниво по шпански.“

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Лекции за успех од Силвија Митевска: „Секој од нас има обврска да истапи и да иницира промена!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

pjrsrv cheze jqwh krctlb if qxpngj jpppqr jabslz gfj lnjxsy kdco abfb qoattb jb xb drk xs kc bu zrju gkralp bri hciwn xoqre gfh guur jxgzylq uv zms owilb kwbac heaqsl ejlr lv ryxpy vxyejge ki zj jqsmgim iqovxdu jbdg iqi epomhk owvub iek ezxit vajbi mbkotd nltzuwd eaab ky olqngh ovoaw qdpa bswndc elebz ozf etw axf qn kse ei eptuvxe isfcov bonrhgm ipvoaya kes ga ncucq wn lakd jb wmu huliv dmvag nblimjg vvvbh txpu rfoio gyvox gfg hazbe ltjz za drgme wc iavx vnnhzsj kqrgjpc xlvd rdmhz nqjjoak mopz qssbdlm zuioyur itlly urkttbv jukzfs wddm pjjhwtf