Најбогатиот човек на светот советува: Вака се преживува со 100 денари дневно!

Некои се насмеале, а некои се налутиле

Најбогатиот човек на светот со заработка од вкупно 74,9 милијарди долари, Бил Гејтс, дал интересна изјава која многумина ги насмеала, но и налутила

Иако има повеќе пари одошто би можел да потроши и за педесет животи, основачот на компанијата „Мајкрософт“ се обидел да си замисли како би живеел кога по некој случај би бил потполно сиромашен.

Поминал многу време помагајќи им на сиромашните во Африка и добро знае како преживуваат луѓето во екстремна сиромаштија, а сега понудил и совети како да преживеете со само 2 долари дневно, односно речиси 100 денари.

„Би одгледувал кокошки. Пред сè, многу е лесно и евтино да се грижиш за нив, а можам да придонесам и за зачувување на здравјето на децата, бидејќи се непроценлив извор на хранливи материи. Јајцата можат да помогнат во борбата против неухранетост, а постои и можноста да се продаваат кокошки и јајца, па потоа со тие пари да се купи друга храна.

Значи, кокошките се добра инвестиција. Да претпоставиме дека еден фармер ќе започне со пет кокошки. Еден сосед има петел кој може да ги оплоди кокошките за да имаат повеќе јајца. По три месеца, фармерот може да има дури 40 пилиња. И на крајот, продажната цена од пет долари по пиле, што е типична цена во Западна Африка, може да доведе до заработка од повеќе од 1.000 долари годишно“, објаснил Гејтс во својот блог.

Бил Гејтс ги препорачува овие 5 книги: „Ова е една од најдобрите книги што сум ги прочитал последниве години!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.