„На децата и роднините нема да им оставам ништо, нека си заработат сами“: Милионерот дели пари како на шега, но за најблиските нема милост

Кој е милионерот Дејв Фишвик?

Милионерот Дејв Фишвик има големо богатство, но на децата и роднините нема да им остави ништо. Сака да ги научи на вистинските вредности

Дејв Фишвик е милионер кој успеал да стекне големо богатство и да стане еден од најбогатите Британци. Заработил толку многу пари што неговите деца не мораат ништо повеќе да работат, туку само да уживаат во трошењето на неговите милиони.

Меѓутоа, тоа нема да се случи. Имено, Дејв одлучил своето богатство да го сподели со народот, а на децата и најблиските да не им остави апсолутно ништо. Многумина се изненадени од неговото размислување, но и покрај тоа, тој верува дека неговите милиони би им предизвикале само проблеми на неговите деца, односно смета дека би требало самите да работат и да заработат пари за себе.

Фишвик многу добро знае како е да се нема и колку напорно треба да се работи за да се успее. Денес има милиони поради кои многумина му завидуваат, но тоа не било секогаш така. Неговиот живот бил многу тежок, растел во стара, трошна куќа која подоцна била срушена.

Успехот не доаѓа самиот од себе, па Фишвик сфатил дека мора да преземе нешто. Го напуштил училиштето, па тргнал по патот на претприемништвото. Немал ни пари ни врски што би му помогнале на тој пат.

Работел дури три работи дневно, додека подоцна започнал да се занимава со препродажба на минибуси. Неговото богатство почнало да се зголемува во 2008 година по големата финансиска криза, кога основал сопствена банка со цел да им помага на локалните фирми да напредуваат.

Станал инспирација за многу луѓе, кои благодарение на неговиот пример се охрабриле да преземат ризици што би им донеле голема заработка. Во декември 2022 година, Нетфликс го објавил филмот Bank of Dave, заснован токму на неговата животна приказна, а остварувањето добило многу пофалби како од публиката, така и од критичарите.

https://twitter.com/FishwickDavid/status/1613263841424736256?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1613263841424736256%7Ctwgr%5E08d5630670f72aa5251a874129ed4606d0ec5c61%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2F194535%2Fko-je-milioner-koji-deci-nece-ostaviti-bogatstvo

Голема желба му е да го инвестира своето богатство во луѓе на кои тоа им е потребно, а не да го задржува во семејството, како што многумина прават. Верува дека децата мораат сами да заработат пари работејќи напорно, исто како и тој самиот. Исто така, мисли дека многу богаташи премногу ги разгалиле своите деца, а тој никако не сака да ја направи нивната грешка.

„Ќе дадам 99 отсто од богатството кога ќе умрам, без разлика кога ќе биде тоа. Се надевам дека имам уште многу години дотогаш“, порачал овој милионер.

„Сакам да имам цел и мотив за да станувам наутро.

Важно е да ја имате таа работна етика и мислам дека напорната работа е тоа што ве доведува до среќата. Моите деца не се согласуваат секогаш со тоа, но тие се, сепак, добри деца“, заклучил тој.

Сиромашни родители посвоиле момче кое ги направило милионери: Приказна од соништата!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.