Како овој Американец се збогатил за неколку дена: Живеел во приколка без бања, а сега ужива во луксуз и снима реклами!

Неверојатно!

Сега милиони луѓе го следат на социјалните мрежи

Овој маж од Ајдахо кој станал познат поради предизвиците на ТикТок, купил куќа за 320 илјади долари и тоа во кеш, иако до скоро живеел во приколка на паркингот од куќата на неговиот брат!

Како му успеало тоа?

Нејтан Аподака пред неколку месеца започнал предизвик на ТикТок. Неговото видео го погледнале повеќе од десетина милиони луѓе на разни платформи, но и бројни други корисници веднаш се приклучиле на предизвикот.

https://twitter.com/DrewFrogger/status/1309531633545089024

Пред да стане апсолутен хит на социјалните мрежи поради видеото во кое пие сок и се вози на скејтборд, Нејтан живеел во приколка која била паркирана пред куќата на брат му и ја користел неговата бања, бидејќи немал своја.

Откако собрал повеќе од 10 милиони прегледи на ТикТок, почнал да добива донации од бројни странци ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @Doggface208 (@doggface208)

Освен тоа, започнал страница на која продава разна роба.

Во меѓувреме, Ocean Spray, чиј пијалак го пиел во виралното видео, му подариле нов камионет, а сега купил и нова куќа со пет спални соби.

Освен тоа, собрал и повеќе од 3,2 милиони следбеници на Инстаграм, а неодамна објавил и дека се свршил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.