Како да се однесувате на деловна вечера?

Совети

Применете ги нашите стратегии и оставете беспрекорен впечаток врз соговорниците.

Воспоставете контакт Почнете и завршете го состанокот со цврсто стегање на раката (при ракување!). Ракување само со прстите остава лош впечаток.

Изберете опкружување Избегнувајте тренди-ресторани, бидејќи обично се полни со гости и темни. Внимавајте на тоа дека би требало непречено да разговарате. Нема ништо полошо од тоа постојано да го повторувате кажаното за да ве слушне соговорникот.

Порачувајте мудро Избегнувајте алкохол и порачувајте едноставни јадења, кои одговараат за сечиј вкус.

Скршете го мразот За време на предјадењето, запознајте ги соговорниците. Избегнувајте лични прашања и интересирајте се за општи теми – време, одмори, интереси…

Направете транзиција По кратко незадолжително муабетење, можете да преминете на официјалниот дел од состаноците. Затворете ја темата на која сте разговарале и веднаш преминете на најважните прашања заради кои сте тука.

Брзо размислувајте Ако се создаде притисок за време на разговорот, разбијте го со мала доза хумор. Реагирајте во согласност со ситуацијата и со вашата проценка на соговорникот.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.