Ги оставила Бијонсе и Роналдо зад себе: Таа е најбогатата жена во 2020 – од цифрата што ја инкасирала ќе ви се заврти во глава!

Ненормално богата!

Фото: Getty Images

Беше најмладата милијардерка на светот, а сега е на врвот на најмоќната листа – листата на најбогатите на „Форбс“

Додека светот се бори со коронавирус, многу индустрии пропаднаа, но не и продажбата на козметика и разни помагала за негата на убавината. Токму на тоа профитирала и Кајли Џенер, која престижниот магазин „Форбс“ ја прогласил за најбогатата ѕвезда во 2020 година!

Најмладата од кланот Кардашијан заработила дури 600 милиони долари, што ја става на првото место. И не само тоа! Тоа може да ги „изеде“ следните пет на оваа позната листа, бидејќи заработила повеќе од сите нив заедно.

Тука спаѓаат второпласираниот Канје Вест, кој заработил 140 милиони, Роџер Федерер со заработка од 106,3 милиони, Кристијано Роналдо кој инкасирал 105 и Лајонел Меси со 104 милиони долари заработка во 2020 година. Шестопласираниот Тајлер Пери, актер, режисер и продуцент, не ја надминал магичната сума од 100 милиони, туку заработил „само“ 97 милиони долари.

Кајли ја завршува годината исто толку спектакуларно како што ја започнала. Тогаш прво беше прогласена за најмладата милијардерка на светот која сама ги заработила своите пари (тоа ја исклучува од конкуренцијата на богатите наследници), но магазинот „Форбс“ многу брзо ја поништил сопствената селекција, бидејќи, наводно, добил погрешни податоци за заработката.

Сега, очигледно, не постои сомнеж, а Кајли тогаш изјавила „има толку многу поважни работи од парите“. Има, нели?

Кајли Џенер живее во луксузна вила од 10 милиони долари и се тушира во бања од мермер (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.