Експертите откриваат детален план за штедење: Со овие совети најлесно ќе го зголемите домашниот буџет!

Секој мора да прочита

10 феноменални трикови што секој треба да ги знае

Парите често ги трошиме на непотребни работи, а не сме ни свесни за тоа. Експертите откриваат што треба да направите за да ги задржите парите во домашниот буџет. Доколку ги почитувате овие 10 чекори, многу ќе заштедите на годишно ниво…

1. Сè што не користите или сте го купиле по грешка, како на пример гардероба што ви е голема или мала, продајте го што побрзо. Старите телефони, компјутери и сè друго што не користите, најдобро би било да го продадете. Постојат многу веб-страници на кои можете да ги продадете работите што не ви требаат. Одличен начин на дополнителна заработка.

2. Престанете да купувате работи што не ви требаат. Шопинг од досада или за краткотрајно задоволство не се добра идеја. Пред кое било купување, запрашајте се дали тоа навистина ви е неопходно.

3. Намалете ја употребата на цигари, сокови и алкохол. Вака не само што ќе заштедите пари, туку и ќе го сочувате здравјето. Кафе можете да си сварите и дома, а не да го плаќате 10 пати повеќе во кафулиња.

4. Спијте минимум 8 часа. Иако ова звучи како да нема голема врска со штедењето, оваа навика ќе ви помогне да бидете поодморени, а поради тоа ќе донесувате порационални одлуки и нема непотребно да трошите пари.

5. Исфрлете ги сите дополнителни трошоци. Добро размислете на што ќе трошите пари месечно и исфрлете сè што не ви е потребно. Наместо да одите во вежбалница, вежбајте дома. Педикирот и маникирот исто така можете сами да ги направите. Сè што можете сами да го направите ќе ви заштеди многу пари.

6. Не одете да пазарите кога сте гладни, бидејќи ќе купите еден куп работи што не ви требаат.

7. Никогаш не купувајте флаширана вода, кафе за носење, брза храна и слатки и грицки. Оваа навика може да ви извлече многу пари од паричникот, без да го забележите тоа.

8. Не возете се со такси или намалете го возењето со автомобил. Користете јавен превоз, а уште подобро, велосипед или тротинет. Кога и да можете, обидете се да пешачите, здраво е и бесплатно.

9. Не земајте кеш-кредити за работи што не ви се неопходни. Намалете го купувањето на рати или плаќањето со чекови. Трошете ги само парите што ги имате.

10. Следете распродажби и купувајте само од нив. Тоа се однесува на храна, облека и обувки, но и на техника. Секонд хенд продавниците се сè попопуларни, а во нив можете да најдете парчиња што никој друг ги нема. Освен што ќе заштедите пари, ќе бидете феноменално облечени.

Добро било и да тргате на страна секој месец одредена сума. Колку и да е мала сумата, на крајот од годината ќе имате сосема солиден кеш.

Ги исфрлила овие навики и заштедила 16.000 за два месеца: Еве како!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.