Доколку сте родени во некој од овие 3 знаци, подгответе се за турбулентен период исполнет со финансиски проблеми

Владее криза

Астролозите откриваат кои три знаци од Зодијакот ќе се соочат со финансиска криза до крајот на годинава.

Риби

Втората половина на 2021 година носи големи предизвици, најмногу ќе имате проблеми поради лажни пријатели кои ви прават сплетки зад грб. Ќе наидете на неочекувани тешкотии во преговори околу нови проекти. Би било мудро да ги чувате во тајност вашите планови и да бидете внимателни со инвестициите.

Соларната еклипса во декември во знакот на Стрелец може да донесе сериозни проблеми на работа и уназадување, но влегувањето на Јупитер во вашиот знак ќе го ублажи тоа.

Периодот ќе биде малку подобар за невработените Риби, ќе имаат прилика во текот на септември да најдат интересно работно место.

Овен

Во втората половина на 2021 година ќе дојде до откажување на одредени договори, а некои важни преговори нема да вродат со плод. Затоа ќе мора да промените дел од плановите. Бидете внимателни со парите и избегнувајте ризични инвестиции, може да се најдете во загуба.

Скорпија

Ќе наидете на проблеми во односите со соработниците и деловните партнери. Некои работи нема да ги довршите во предвидениот рок. Очекувајте напнати ситуации, несогласувања, прекини на деловни односи и доцнење во исполнувањето на рокот.

Во текот на септември треба да бидете внимателни со парите. Во ноември ќе почнете преговори околу големи проекти кои ќе се одложат. Соларната еклипса во Стрелец во декември ќе доведе до финансиски проблеми.

Фото: Getty Images, Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.