Докажано: Практикувајте го правилото од 72 часа за да заштедите пари
Еве за што станува збор...
Новинарот Карл Ричардс од „Њујорк тајмс“ има решение што може да ни помогне во однос на финансиите. Е сега, доколку помисливте дека нуди вработување или донира пари, се излажавте, тој советува дека е најдобро да чекате да поминат 72 часа пред да донесете одлука за купување на некое парче, предмет…
Ричардс го цитира австрискиот автор, невролог и психијатар Виктор Франкл, кој кажал:
Помеѓу желбата и одговорот постои простор. Во тој простор е нашата моќ да донесеме одлука.“
Првиот чекор е искористување на моќта на тој простор откако постои свеста за неговото постоење. Вториот чекор е усовршување на вештината за чекање.
Советите како: „Користете ги само вистинските пари“ или „Заклучете ги кредитните картички“ се многу корисни во тој поглед.
Се работи за обичен тренинг поради кој ги забележуваме нашите вистински желби. Какво е чувството кога сакате нешто? – вели Ричардс.
Фото: Unsplash