Дали сте слушнале нешто побизарно? Заработува 2.000 евра месечно правејќи го ова! (ВИДЕО)

Дали е возможно ова?

Носи еден пар чорапи и повеќе од три дена

Били Џо Греј немал поим дека постои пазар за носени чорапи и долна облека, сé додека луѓе не почнале да стапуваат во контакт со него преку страницата OnlyFans, која ја води со својата свршеничка, а сега заработува повеќе од 2.000 евра месечно. Исто така, додал дека проаѓаат што посмрдливи чорапи.

Греј, кој има 25 години, открил дека ги продава своите користени предмети за 10-30 евра по пар и дека може да продаде помеѓу 5 и 12 пара неделно.

@billyjoegrayy #fyp ♬ original sound – Megs👸

Додал и дека редовно мора да објаснува дека е хетеросексуалец, а чорапите ги носи со денови пред да ги стави во кеса со патентен затворач и да ги испрати!

„Отворив профил на OnlyFans пред повеќе од една година и преку оваа платформа добивав барања за парчиња облека, без разлика дали се тоа чорапи, боксерки или спортски маици. Многу мажи се заинтересираа за тоа, бидејќи имам голема поддршка од ЛГБТ заедницата. Тие се мојата главна публика. Тие ја поддржуваат мојата страница, а јас правам видео-содржина за нив на мојата страница, како и на ТикТок и Инстаграм. Имам многу Американци што ја купуваат мојата носена долна облека и моите носени чорапи и ги чуваат за уживање“, открил младичот од Лондон.

Меѓутоа, истакнал и дека публиката му е разновидна.

„Имам постојани муштерии кои цело време купуваат носени чорапи. Одам во вежбалница со нив и ги носам еден до три дена за нив. Потоа разговараме за цената и за тоа колку тие би платиле. За колку ќе се продадат чорапите, зависи од случајот“, објаснил тој.

@billyjoegrayy #fyp #viral #onlyinmycalvins #thegrayys ♬ original sound – sped songs &lt3


Социјалните мрежи се главната алатка во неговата работа.

„Некое видео ќе стане вирално на ТикТок и ќе добијам илјада прегледи, а потоа ќе имам многу луѓе што сакаат да ги купат моите чорапи. Ако можам да ги продадам моите износени чорапи за 10, 20 или 30 фунти, ќе ги продадам. Колку поиспотени и посмрдливи се, толку подобро. Ќе одам да трчам и да завршам сé друго, ги ставам во кеса со патентен затворач, па во дискретно пакување – во случај купувачот да живее дома со родителите, со сопругот или сопругата. Сите мои продажби се случуваат преку Инстаграм. Американците обожаваат да купуваат бели чорапи Nike“, заклучил овој дечко.

Му даваат милиони за да си вади ребра, да си ги пумпа задникот и усните: Го издржуваат богати мажи на кои им служи како играчка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.