„Бев невидлива покрај Новак“: Јелена Ѓоковиќ за улогата сопруга на најпознатиот тенисер во светот

Животот на познатите

Јелена Ѓоковиќ јавно проговори за проблемот поради кој страда, а се работи за анксиозноста.

Јелена Ѓоковиќ е позната како жена која се грижи за исхраната и здравјето, но се труди да научи што повеќе за родителството и да биде одлична мајка за своите деца.

Сопругата на српскиот најдобар тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ со следбениците редовно ги споделува своите ставови и искажува различни мислења, а овој пат е една од ретките која откри дека се борела со анксиознос и сето она што го повлекува оваа состојба.

„Понекогаш се чувствував преоптоварено, што многу влијаеше на моите резултати и отвореност за нови искуства, учење и пријателства. Анксиозноста и стресот не се шега“, изјави Јелена.

Таа често се приклучува на различни форуми и се обидува да направи нешто добро за луѓето со разговор, па затоа е дел од тимот на експерти кои се справуваат со проблемот и им помага на другите да ја надминат анксиозноста.

„Бев аксиозна, тоа ме уништи мене, мојата слика за себе. Мислев дека сум супержена, дека можам да одговорам на сите потреби на мојот сопруг и децата, а потоа морав да се соочам со моите стравови. И среќа што се случи затоа што се разбудив и сфатив дека морам да се посветам на себе. Ќе биде храбро да го кажам ова пред милиони луѓе, но се обидував да се натпреварувам со Ноле. Мислев дека не добивам доволно признание што го заслужувам и дека мојата работа не се гледа затоа што се се одвива во позадина“, изјавила Јелена за „Стори“.

Јелена искрено откри дека ѝ пречело тоа што ја препознавале само како сопруга на Новак Ѓоковиќ, но сега на тоа гледа поинаку. Инаку, анксиозноста е честа состојба во модерните и брзи времиња која не треба да се занемари.

„Се што направев беше невидливо. Жените немаат простор да зборуваат, да се покажат и постои стереотип за спортистките како треба да изгледаат и да се однесуваат. Порано ме болеше што ме препознаваа само како негова сопруга, сега го носам со гордост“, заклучи Јелена.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.