6 правила за кариерата на „тивката“ девојка

„Всушност јас сум многу срамежлива. Додека одев на часови по глума, морав да го надминам тоа. Станува збор за мојата вистинска природа наспрема воспитувањето. Одгледувана сум да одглумам дека не сум срамежлива и да се изборам со сè“
Блејк Лајвли

Свесни сте за сопствените квалитети и време е и другите да ги забележат. Еве како да блеснете на деловниот состанок со мало „позајмување“ од екстравертните.

 1 Искористете го мигот

Не чекајте совршен миг за да кажете нешто, можеби нема ни да дојде! Ако имате нешто важно да кажете, сторете го тоа во почеток на состанокот.

2 Зборувајте јавно

За да се ослободите од стравот од јавното говорење, правете го често тоа. Почнете со нешто помалку важно во пријателско опкружување, каде што нема да биде важно дури и да згрешите нешто,  (раскажувањето вицеви во друштво може да биде добра вежба!).

Колку почесто зборувате во јавноста, толку помалку ќе се плашите од тоа.

3 Мислете дека „чашата е до пола полна

Многу луѓе не можат искрено да одглумат ентузијазам. Затоа, пронајдете нешто што искрено ќе ве крене и искористете ја таа емоција. Значи, ако сте на интервју за работа што не е од вашите сништа, фокусирајте се на деловите што ги сакате.

4 Користете „тешки“ изрази

Фразите како „според мојот суд“, „тоа е клучно“ или „во основа“ покажуваат дека поседувате знаење и искуство.

5 Канализирајте го својот екстравертен идол

Замислете успешна деловна жена на која ѝ се восхитувате. Потоа замислете ја во некоја важна ситуација и претпоставете како би се однесувала, какви гестови би правела…

6 Никогаш не отстапувајте пред нешто што не знаете

Никој нема одговори на сите прашања. Ако се случи да не знаете да одговорите на нешто, самоуверено кажете дека ќе направите сè за да дојдете до одговорот.

Фото: Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.