6 навики што носат беда во вашиот живот: Поради нив не можете да се извлечете од сиромаштијата

Обрнете внимание!

ФОТО: Pixabay

Купувањето брендирани работи – филозофија на сиромашните

Иако можеби никогаш не сте размислувале за тоа, многу луѓе што имаат исти примања како вашите, живеат на потполно поинаков начин. Подобро или полошо.

Некои со планирано и паметно трошење успеваат да заштедат доволно пари, додека други едвај сврзуваат крај со крај.

Оние што се во таква ситуација, самите си навлекуваат беда и сиромаштија во животот и тоа поради следниве 6 навики…

1. Секојдневно жалење за немаштијата

Луѓето кои немаат пари често се жалат поради овој проблем и постојано зборуваат за него со нивните пријатели и роднини. Од оваа навика постепено се развива самосожалувањето, па луѓето почнуваат да веруваат дека ситуацијата е безнадежна и дека никогаш ништо нема да се промени.

Таквите луѓе стануваат проблематични и неуспешни. Од друга страна, нивното постојано жалење и недостиг на волја и труд ги спречуваат да променат нешто.

2. Фрлање пари на моментални задоволства

Многу луѓе без размислување трошат пари на нешто што им носи задоволство 10-20 минути, како што е купување кафе од автомат, пиво, чоколатце, цигара. Размислете добро: ако работите цел месец од понеделник до петок и секој работен ден купувате кафе за носење од 90 денари, тоа на месечно ниво се околу 1800 денари, а на годишно, дури 21.600! Секако дека човек не треба да се откаже од се’, но овие ситни задоволства на крајот имаат големо влијание врз вашиот буџет.

3. Ненадејни купувања

Ваквите купувања извлекуваат од паричникот дури три пати повеќе од планираната сума на пари издвоени за купување! Истражувањата покажуваат дека најмногу пари трошиме на акции и попусти на работи што не ни требаат навистина, туку ги купуваме само поради намалувањата и моќниот маркетинг кој вели дека не се пропушта толку добра цена, бидејќи нема да се повтори.

ФОТО: Pixabay

4. Недостиг на план

Никој не може туку така да заштеди пари, мора да постои цел. Дали штедите за автомобил, реновирање на станот, одмор, нов мебел, основање бизнис… Многу е важно да имате финансиски план. Тој подразбира поставување приоритети и детална анализа и план на трошоците, кој е изводлив ако се придржувате до него.

5. Кредитни картички

Кредитните картички се одличен начин моментално да ги добиете парите што ви требаат. Но луѓето што често ги користат се осудени на големи трошоци. Иако ратите не ви делуваат скапо, кога се ќе се собере на куп и ќе се пресмета каматата, вие сте во голема загуба.

6. Купување брендирани работи

Ова е всушност филозофија на сиромашните. Преку брендираните работи сакаат да им се приближат на богатите, односно на нивниот начин на живот. Затоа, денес постојат луѓе со просечна плата и телефон вреден четири месечни приходи, кој потоа го отплаќаат цела година. Некои луѓе попрво ќе одберат 10 години стар автомобил со ексклузивна марка отколку нов на некој помалку популарна компанија.

Ако не сакате само привидно да му се приближите на полуксузниот живот, туку вистински, откажете се од ваквото размислување, поставете приоритети, најдете дополнителен извор на приходи и ситуацијата ќе се подобри.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.