4 работи на кои богатите луѓе никогаш не трошат пари: За нив тоа е пропадната инвестиција

Дали вие трошите пари на овие работи?

Дознајте кои се четирите работи што богатите луѓе никогаш не ги купуваат и зошто ги сметаат за пропаднати инвестиции

Многумина се уверени дека финансиските проблеми ќе им исчезнат штом почнат да заработуваат повеќе. Но животот го докажува спротивното: некои луѓе постојано немаат и покрај високите примања, додека други со просечни плати, успеваат да заштедат и да си го зголемат капиталот. Разликата е во навиките. Финансискиот консултант Дејв Ремзи најдобро го објаснил тоа:

„Вие мора да управувате со своите пари, инаку нивното отсуство ќе управува со вас.“

Постојат работи што навистина моќните луѓе речиси никогаш не ги купуваат…

1. Брендирана облека со истакнат логотип

Парадоксот е во тоа што луѓето кои можат да си дозволат луксуз, ретко кога прават култ од него. За нив, огромното лого е само реклама која не сакаат да ја плаќаат. Тие разбираат колкав удел има квалитетот во цената, а колкав удел има маркетингот, и не сакаат да плаќаат за воздух. Додека луѓето со помали приходи се обидуваат да ѝ ја докажат сопствената вредност на околината со брендирана облека, богатите одбираат практична и квалитетна облека без непотребен блесок. Секако, одбираат и брендирани парчиња, но само ако се квалитетни и ако добро им стојат. Тоа им е главниот фокус.

2. Најнова технологија само за да остават впечаток

Гаџетите станаа нов симбол за статус, но за рационалните луѓе, телефонот е исклучиво алатка. Тој мора да биде брз, квалитетен и да служи долго. Додека некој со мал буџет ќе земе кредит за најновиот модел на телефон само за да биде виден, успешните претприемачи честопати со години користат стари модели. Додека уредот си ја врши работата, нема причина за замена.

3. Импулсивно и непромислено купување

Ситните, непланирани купувања на акција создаваат најголеми дупки во буџетот. Секоја маица или пар патики што биле купени само затоа што биле поволни или сте биле нерасположени, всушност, се чиста загуба. Со тоа би се согласил и самиот Елтон Џон, кој знаел да купува купишта работи што не му биле потребни, за на крајот да ги продава на аукција. Луѓето што управуваат со своите пари купуваат по список, плански и без емоции. Продавниците се дизајнирани за да предизвикаат импулс, но искусните купувачи ретко паѓаат во таа замка.

4. Материјални предмети кои брзо губат вредност

Материјалните предмети носат радост што трае многу кратко. Новиот автомобил или скапото парче облека брзо ќе станат секојдневје на кое човекот се навикнува. Затоа, фокусот се префрла на работи што нудат искуство, недвижнини, патувања и нови вештини. Спомените и знаењето не застаруваат, не се расипуваат и не излегуваат од мода. Предметите ги полнат плакарите, а искуствата го исполнуваат животот.

ФОТО: Vanessa Murrieta / Unsplash

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе