3 едноставни промени што ќе ги намалат вашите трошоци за претстојната зима

Фото: Unsplash

Промената на времето го менува и нашиот буџет, па затоа промената на облеката, фризурите, исхраната и здравствената заштита не се единствените промени што треба да ги воведеме со пониските температури.

Постуденото време носи поголеми сметки за многумина, а бидејќи празниците се зад аголот, ќе има повеќе трошење пари кога станува збор за други луѓе, атмосфера и забава. Намирници за празници, подароци за најблиските и украси се само некои од работите за кои ќе треба да одвоите пари. Ви донесуваме упатства и промени што треба да ги направите за да биде полесно финансиски да се справите со какви било промени што доаѓаат.

Направете план за приходи и расходи

Секоја сезона бара различен финансиски план. Со оглед на промената на сезоните и фактот дека зимата доаѓа наскоро, мора да бидеме подготвени за промени во трошоците. Запишете ги вашите приходи и трошоци и начините на кои можете да заштедите. Исто така, запишете ги сите трошоци. Најдобро би било да ги одделите месечните трошоци, како што се сметки, разни претплати, осигурување и сл., од неделните трошоци што одат за вашата храна, забава и сл.

Заштедете за празници

Не чекајте за последен момент и да ја потрошите целата плата во декември на празници. Најдобро би било да одделите од платата во октомври и ноември. Запишете ги на хартија сите трошоци за забава, убавина и сопствено дотерување за да дојдете до заклучок од што можете да се откажете за да уживате повеќе во претстојните празници.

Намалете ги трошоците на лесен начин

Најлесен начин да заштедите е да ги намалите трошоците. Сите ние често купуваме работи што не ни требаат. Ручек во вашиот омилен ресторан, кафе за носење, намирници кои не ви се потребни и облека што не мора да ја купувате – сето тоас е работи од кои можеме да се откажеме. Наместо топли напитоци во кафулињата, пијте свои што сте ги донесете од дома или ќе ги направите на работа. За време на паузата, јадете ручек што сте го направиле дома најмалку три пати неделно. Навистина има многу начини да заштедите, не дозволувајте да ве обземе поривот за непотребни работи или мрзеливост.

Прочитајте и: Експертите откриваат детален план за штедење: Со овие совети најлесно ќе го зголемите домашниот буџет!

 

ФОТО: Unsplash

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.