„Јас да сум на ваше место би ми било малку незгодно“: „Меморија“ ќе земе награда за најдобар концерт, фановите велат дека тоа треба да е ДНК! (ФОТО)

Перо Камиказа „нападнат“ на социјалните мрежи...

Утревечер во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи „Златна бубамара“, а на социјалните мрежи Перо Камиказа од групата „Меморија“ се пофали дека ќе добијат наградата за најдобар концерт во 2022 година.

Ваквата негова објава „испровоцира“ дел од неговите следачи да му реплицираат дека можеби таа награда треба да замине во рацете на „ДНК“, кои пред неколку месеци одржаа спекаткуларен концерт во „Борис Трајковски“.

Перо веднаш „врати“ на коментарот на неговиот пријател на Фејсбук и напиша:

„Можам со слика и видео да те демантирам,но немам намера.Награда не доделувам јас,туку “Буба Мара“.Малку се кавгите во се и сешто, уште во музиката ни фалат. Кај што едвај три четворица се охрабривме да ја браниме честа на сценава, сега и кавга ни треба!Иначе на официалниот Ф.Б. профил на Вис Меморија ,можеш да видиш наша подршка за концертот на ДНК.Секој труд што вродил со успех е макотрпен,па така и нивниот и нашиот.Добро еве, ти што предлагаш, да се откажеме од наградата?“ – гласеше репликата на Перо.

На ова момчето кое му коментираше му покажа неколку докази, односно споредби преку фотографии од концертот на „Меморија“ и концертот на „ДНК“. Од фактичките докази, јасно се гледа дека концертот на „ДНК“ е далеку повеќе посетен, отколку тој на „Меморија“.

„Почитуван господине Перо, јас не тргнав да се карам или расправам баш напротив. Ве почитувам и вас и знам колку е тешко да се направи концерт на македонски изведувач. Знаете дека пред фактите и боговите молчат па затоа и пратив фотографија која ја земав од профилот (фан страната на ДНК) Исто така многу би сакал да ме демантирате со слика или видео но ако вие нејќете еве јас ќе ви испратам за да споредиме и разрешиме дилемите, а вие како праведен човек да ме демантирате или потврдите. За тоа дека Буба Мара дава награда за тоа сте во право и факт е дека тоа е приватна манифестација и наградите се дадени како што ќе му текне на господинот Ранко и за тоа никој не може да му замери нему. Знаете како велат: На куќна слава кога идеш не бираш какви колачи ќе јадеш туку тоа што ќе ти сервираат. Во овој случај и за оваа награда е очигледно и чисто како солза дека ДНК направи нешто што одамна не е направено во поновата историја на македонската музика, односно ја распродаде и преполни арената “Борис Трајковски”. Исто така не реков да се откажете од наградата, но јас да сум на ваше место би ми било малку незгодно или срам да ја примам истата знаејќи дека другата страна имала многу подобар и пополн концерт (факти преку фотографии и видеа) но тоа сум јас нели и не секој има доблест да признае. Како и да е, убеден сум дека во иднина кога и да ја погледнете наградата што ќе стои на некој ваш рафт ќе ве потсеќа дека не е добиена праведно. Убав ден“.

Подоцна во нивната конверзација се приклучи и Панчо од ДНК, кој го напиша следното:

„Поздрав до двајцата пред се, гледам сте развиле фина дебата. Дениз, Буба Мара е приватен настан и факт е дека не можеш да му замериш на бато Ранко бидејќи е негов настан и прави како што он мисли дека треба, тоест според негови убедувања. Каде имало повеќе луѓе е најмалку битно според мене и како што кажа господинот Перо некаде во погорните коментари дека е најбитно да има настани во и така сиромашната МК сцена. Мене/нас како бенд и индивидуи со Андреј никогаш не ни биле наградите битни иако е добро да имаш признание за сработеното нели, па така и овој пат би кажал следново: Дај боже никогаш да не земеме награда од нигде, а концертите и настапите да ни бидат полни тоест преполни како овде на сликите кои си ги постирал.  Да, факт е верувам ќе се сложи и Перо дека имало доста повеќе луѓе кај нас но како што кажав погоре најмалце е тоа битно…. Побитно е да шириме љубаов, и музика, а наградите се бар според мене само нешто кое нема долго да се памти и ќе фаќа прашина на некои од домашните рафтови. Имајте убав ден и двајцата и секое добро.“

Целата нивна конверзација може да ја погледнете и на линкот подолу:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.