Ја заборави Даниела Мартиновиќ со која беше во врска 24 години: Петар Грашо ја „фати“ ќерката на Тончи Хуљиќ!

Хана е 14 години помлада од познатиот пејач

Фото: Tabloid - RTL

Хрватскиот поп-пејач Петар Грашо (45) е во врска со Хана Хуљиќ, ќерката на познатиот музичар Тончи Хуљиќ, тврди Индекс.хр.

Имено, како што веќе некое време се зборува, а тоа го потврдиле и извори блиски на пејачот, романсата помеѓу нив двајца трае веќе некое време, а Хана го следи Петар на секој негов настап.

Фото: Инстаграм

Пејачот неодамна објавил снимка како најава за еден концерт, а на неговите очила можело да се види дека го снима девојка слична на Хана.

Имено, Хана и Петар во 2016 година соработуваа на песната „Срце за водича“, а Грашо е исто така близок со нејзините родители.

Фото: Инстаграм

Познатите хрватски портали сепак пишуваат дека се’ уште немаат потврда за нивната врска од нив двајца.

Да потсетиме, Петар пред Хана беше во врска дури 24 години со пејачката Данијела Мартиновиќ.
За нивниот крај се дозна во мај 2021 година, а за јавноста оваа вест беше шокирачка, бидејќи ги сметаа за најидеалниот пар на хрватската сцена.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.