Интервју со младиот пејач Чеде Спасиќ: Се пронаоѓам во поп-музиката, ова е само почеток!

Неодамна ја промовираше својата прва авторска песна „Последна и прва“

Полека, но сигурно, младиот пејач Чеде Спасиќ чекори по патот за кој мечтаел уште од најмлади години. Неодамна Чеде ја објави својата прва авторска песна со наслов „Последна и прва“ и доби доста позитивни коментари.

За песната, видеоспотот, соработниците, како и идините планови, Чеде ќе открие во ова интервју…

Ова е твоја прва авторска песна, кажи ми колку си задоволен како е прифатена?

Да, бидам искрен не очекував дека ќе помине до толку добро песната, бидејќи нели сум нов на македонската естрада, а кога е така треба време и многу работа. На мое задоволство, песната е одлично прифатена од публиката, а доказ за тоа е што секојдневно добивам позитивни коментари.

Какви се коментарите за песната на твоите најблиски пријатели, колеги, публиката?

Добивам огромна подршка од колегите, а се разбира најмногу од семејството. Без нив не би се занимавал со музика, туку можеби би работел нешто друго и за тоа сум им многу благодарен. Се надевам ќе ја оправдам нивната доверба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Čede Spasikj (@chedespasikj)

Реши да сорабоуваш со веќе докажани имиња во светот на музиката, тоа се Борче Нечовски и Дејан Момироски. Како дојде до вашата соработка?

Со Борче и Дејан сме добри пријатели долго време и многу пати сме зборувале дека треба да почнеме да сораотуваме. Токму тоа и се случи сега и мене ми е особено драго што имам прилика да работам со луѓе кои направиле многу за македонската музика.

Доста позитивни критки доби и за видеоспотот кој го снимаше во соседна Бугарија. Зошто ја избра токму оваа локација за снимање на видеото?

Одлучив поради тоа што Бугарија понуди навистина преубави локации за снимање на самиот спот, но се поклопија некои коцки и рековме ајде зошто да не, да ја искористиме приликата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Čede Spasikj (@chedespasikj)

Во Кавадарци, поточно Росоман, твоето родно место важиш за еден од најдобрите пејачи во тој регион. Ти годат ли ваквите коментари?

Се разбира дека ми годат и ме мотивираат. Јас за себе не можам да кажам дека сум еден од најдобрите, но ако некој тоа го помислил или го кажал, јас сум му благодарен од срце. Во Кавадарци и околината има доста квалитетни пејачи и од повозрасните генерации, но и од младите. Како и да е, позитивните коментари се секогаш добредојдени.

Што е планот после оваа песна? Ќе продолжиш во поп-водите или пак можеби планираш да мешаш со стиловите?

За сега останувам во поп-музиката, бидејќи овде некаде се пронаоѓам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Čede Spasikj (@chedespasikj)

Пред извесно време актуелен беше фестивалот „Макфест“, дали можеби имаш амбиции да бидеш дел од него следната година?

Една од моите желби за наредната година е ,,Макфест” , верувам дека тоа ке биде реализирано наредната година.

На кој македонски пејач, пејачка се восхитуваш и би сакал еден ден да имаш таква кариера?

Тоше Проески!

Каде може да те види публиката, каде најчесто настапуваш?

Низ целата држава буквално. Имаме доста настапи со мојот бенд „Класико“ и искрено ме радува тоа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.