Играат за Германија, а сонуваат Македонија да ја претставуваат на Олимпијада – Илина и Ева Соколовски тренираат и кога треба да одмотаат!

Браво!

Сезоната заврши, натпреварите по ритмичка гимнастика во Германија на државо ниво завршија, а нашите девјчиња Илина и Ева Соколовски и покрај пандемиската година и тешките услови за работа, со успех се збогуваа од оваа сезона, а од есен не само Илина(16) , туку се очекува и Ева (12) да заигра за Бундес лига.

Македонските девојчиња веќе пристигнаа во Скопје на летен одмор, но и тука не мируваат, туку секој ден тренираат во ОУ „Гоце Делчев“  во населбата Илинден. Велат нема застанување, бидејќи во новата сезона ги очекуваат многу потешки натпревари и нови медаљи да и донесат на Германија, иако се натпреваруваат со македонски пасош.

Илина, која поради големиот талент не се натпреварува со нејзината, помлада категорија, туку со сениорите и цела година на републичките натпревари се закитуваше со медали.

-Настапував со поголеми од мене, една од натпреварувачките имаше 30 години и оваа година и е последна сезона. Јас бев пред неа два пати иако таа уште од мала мене ми беше идол. За да дојдеш во финале мора неколку пати да се победи на републичко ниво, а јас неколку пати во текот на сезоната победував. Во републиката каде живеам со семејството, во Северна Рајна Вествалија јас немам конкуренција. А Бундес лигата, каде е веќе три години,  почнува на почетокот на октомври и затоа сега не смее да се престане со тренирање, вели Илина.

Таа е веќе препознатлива, помали дечиња од неа веќе сакаат да се сликаат со неа и ја сметаат за идол. А поради таленот многу од нејзините конкурентки и имаат страв, а некои и пружаат рака за успехот.

За разлика од неа Ева настапува во малите групи, но она што е интересно е дека таа на натпреварите речиси и да не останува без медали, а поради талентот добила покана и таа од новата сезона да почне да се натпреварува во Бундес лига во нејзината јуниорска категорија.

-Кога ќе се вратиме во Германија ќе одиме на тренинг и од тој тренинг, на крајот на август ќе се одлучи со кои вежби ќе се натпреваруваме во Бундес, вели Ева.

Илина и Ева летниот распуст го поминуваат си тренирање и тоа секој ден се на линија со тренерите. Но, тоа не им е тешко и на двете паралелно да нижат успеси и на училиште.

-Кога се сака се наоѓа време. И двете сме свесни дека овој спорт трае до одредена возрасна граница, па така неминовно е да си имаме професија, кога ќе престанеме професионално да се занимаваме со ритмичка гимнастика. Но, и покрај тоа и на двете сон ни е да се натпреваруваме на Олимпијада, велат Илина и Ева.

Уште подобро е, велат и двете, ако ја претставуваат Македонија на овој најголем спортски натпревар.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.