Игор Џамбазов не е повеќе со Илина, па порача: „Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“!

Парот се раздели...

Еден од нашите најпознати љубовни парови, актерот Игор Џамбазов и алпиниската Илина Арсова повеќе не се заедно. Ова го откри токму Игор во интервјуто кое го даде за порталот „Слободен печат“.

Актерот изјави дека јавноста не треба да бара виновници, бидејќи таков непостои.

„Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави ушт во првите денови на нашата љубов. И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“ – зборува Џамбазов во интервјуто за порталот.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.