ХАОС НА ПОПОВА ШАПКА: Колони возила заглавени, граѓаните не можат да си одат дома! (ФОТО)

Секоја година истите проблеми...

Веќе два часа стотици, ако не и илијадници возила се заглавени во познатиот скијачки центар Попова Шапка, а прашање е кога ќе успеат да се симнат во Тетово.

Револитарани граѓани од Тетово, Скопје, но и другите градови на социјалните мрежи објавија фотографии од кои може да се види хаосот на Попова Шапка.

Еве, речиси два часа сме заглавени. За два часа имаме направено 10 метри со автомобилот. Со деца сме, не можат да издржат веќе, им се спие, им се јаде, треба да се подготват за училиште утре. Не знам кога ќе стигнеме во Скопје”, ни изјави жител на Скопје, кој во моментов се наоѓа на Попова Шапка.

Инаку, ова не се случува првпат на Попова Шапка кога е зимската сезона. Сообраќајниот хаос трае со години, а ниту локалната, а ниту централната власт не се обиде да го реши проблемот со сообраќајот.

Фото: А. Наков

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.